Македонски легенди

Христо Попсимов

1legij

1legij

Христо Попсимов (1916 – 1980) е македонски, српски и бугарски поет, внук од сестра на Григор. Прличев. Првите стихови на македонски јазик ги напишал во 1935 година, но првата песна „Весникарче“ му била публикувана во 1937 година во „Наш весник“, орган на Културно-просветното друштво „Вардар“ во Загреб, заедно со Рациновите „Тутунови берачи“.

Христо Попсимов е роден во 1916 година во градот Охрид. Тој е внук на Григор Перличев, син на неговата ќерка Деспина. Основното образование го завршил во родниот град, гимназијата во домот за македонските ученици во Крагуевац, а Правниот факултет во Белград. По двегодишна работа, докторската дисертација му останала незавршена, бидејќи во 1940 година бил уапсен од југословенските власти поради прокомунистички активности и затворен во логорот Билеча.

Во 1941 година бил ослободен и се вработил во Дирекцијата за социјални грижи во Софија. По окупацијата на Македонија, тој доаѓа во татковината, но по завршѕвањето на војната повторно заминал за Бугарија, каде останал до крајот на животот, иако повеќепати барал да се врати во Македонија.

По завршувањето на Втората светска војна, во периодот од 1946 до 1948 година, работел во Комесаријатот за спроведување на договорот за примирје при Министерството за надворешни работи и исповеди, потоа од 1948 до 1952 година во Државното претпријатие „Раико Дамјанов“ и од 1952 до 1976 година работел во Бугарската телеграфска агенција.

Првите стихови на македонски јазик ги напишал во 1935 година, но првата песна „Весникарче“ му била публикувана во 1937 година во „Наш весник“, орган на Културно-просветното друштво „Вардар“ во Загреб, заедно со Рациновите „Тутунови берачи“. Во истата година во списанието „Луч“ публикувал уште две стихотворби на македонски, „Борба“ и „Нашијот град“, поради кои било забрането списанието.

Во истата 1937 година, во списанието „Јужни преглед“, била публикувана на српски јазик песната „Рибари“. Во следната 1938 година Христо Попсимов објавил и други две песни на српски јазик во „Луч“ –  „Ноктурно“ и „О ночас како гори космос!“.

Посебно значење имаат двата зачувани (но тогаш необјавени) предговорни текста кон стихозбирките на Воислав Илиќ „Луда крв“ и „За осветљеним путевима“, што содржеа и стихови на македонски (1935). Од нив се гледа дека Попсимов се движи по развојната линија на младата македонска поетска генерација на Рацин, Неделковски, Марковски и Петковски.

Во Бугарија, од 1944 до 1948 година Попсимов создава десет стихозбирки: „Мојот град“, „Иднина“, „Сонети“, „Сатурналии“, „Бледите вселени“, „Мртви лисја“, „Љубов и дух“, „Облаци и сенки“, „Чувства од преисподњата“ и „Мигови во просторот“. Меѓутоа ниту една не успеал да објави во Бугарија. Во првиот дел од првата збирка „Прелудиум“ се наоѓаат и стихотворбите пишувани до 1940 година на македонски, а другите се на бугарски.

Во ноември 1967 година авторот направил избор од ова творештво и предложил да се објави во Македонија. Така беа напечатени изборите во три книги: „Траги“ (1967), „Изгревите тлеат“ (1968) и „Стихови“ (1969). Дури кога беше на смртното легло во софиската болница, како потреба за историјата, со лично залагање и со национално – политички интониран предговор од акад. П. Динеков, под редакција на Е. Евтимов, бил напечатен сосем скромен избор од неговите ракописи, посветени главно на Охрид и на неговата земја, но со бесмислено уфрлени два не негови збора (Б’лгарија и б’лгарска).

Христо Попсимов умира во Софија во  1980 година.

извор: М.Е. Скопје, 2009 г.

1Tihomir подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top