Коментари

АВТОПАТИТЕ, УДЕЛ ВО ДОЛЖНИЧКОТО РОПСТВО НА МАКЕДОНИЈА

Martin Trenevski 1

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 198

1. Нашиот северен сосед Србија го задеси невидена трагедија што го потресе и целиот регион. За само два дена беа извршени две масовни убиства во кои жртви беа 17 лица, главно млади и десетина ранети. Првото убиство на 5ти мај го изврши фрустиран 13-годишник кој со месеци се подготвувал за настанот, кој уби осум соучесници и чуварот во училишто. Тој дури имал однапред срочен список ЗА ликвидација на негови соучесници кои го игнорирале и малтретирале, а на списокот имало и девојчиња кон кои имал симпатии, но и тие не го есапеле. Следниот ден еден 21-годишен, во алкохолизирана состојба со автомат Калашников во три села убил осум лица и тешко ранил уште шест.

   Оваа трагедија – до сега невидена во регионот, ги запали црвените светла и кај нас, во Македонија и за пофалба е Министерството за образование кое веке следниот ден организираше средба на експерти (социолози, прихолози, психијатри, педагози и други) за да се дискутира што треба да се направи да се спречи вакво нешто слично да не се случи и кај нас. Честитки за министерот и Министерството за образование за брзата реакција.

  Во потрагата по мерки и решенија за спречување на вакви немили настани еве и еден мој скромен прилог: да се постават детектори за откривање метал (како на аеродромите) пред влезовите на поголемите училишта, исто така и во училишта каде се работи во две смени, а особено во училишта со етнички мешани паралелки. Детекротите веднаш ќе сигнализираат дали во училишните торби на поединци има нож, или можебби и пиштол или некое друго оружја и надлежните веднаш ќе реагираат и ке ми го одзенат. Така ќе добиеме безбедни училишта без ризик на употреба на оружје.

  Детекторите за откривање метал чинат пари, но животите на младите луѓе немаат цена, зарем не!?

 И уште нешто: по немилите настани во соседна Србија тамошниот министер за образование поднесе неотповиклива оставка како  лична морална одговорност. Чин за респект во секој случај! На нашиве властодршци поимот оставка им е непозната категорија, а толку многу злоупотреби и гревови имаат сторено, што не се доискажува.

2. Најчесто употребувани зборови во Македонија деновиве се “одговорност”, “криминал”, “злоупотреба” и слични, а повод за сето тоа е до сега најголемиот криминален договор со американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка за изградба на автопати што е проценет на една милијарда и триста милиони долари, но според познавачите, бидејки многу ставки не се ни вклучени во договорот (проектирање, пенали, и сл) тој износ може да достигне и до фантастични две милијарди долари.

  Иако автопатите се насушна потреба на Македонија, ваквиот договор без сомнеж ќе ја доведе во должничко ропство бидејки идните генерации ќе треба да го враќаат тој долг. Опозицијата во Парламентот веќе упати закани со затвор за главните актери на оваа криминална ујдурма кои сосема очигледно имаат калкулирано дебели провизии во цената на проектот!? Впрочем, идат избори и на партиите на власт ќе им требаа многу кеш средства за купување на гласови пред џамии и други верски и мирјански објекти.

  Кога веќе пишуваме за одговорност, лично – како граѓанин, и н с и с т и р а м Премиерот Димитар Ковачевски да врати во буџетот на државата Македонија илјада евра на име покривање трошоци за авионски превоз, хотел и сл. што си ја носеше незаконски (приватно) својата ќерка на службениот прием кај Папата минатата година. Ковачевски може да си го носи семејството када сака, но на своја сметка, а примерот што го наведов е чиста злоупотреба на службената позиција. Впрочем, Таче, ти се обраќам тебе лично: во Европа, кон која тежнеме, а за што бескрупулозно го лажете народот дека ке станеме членка до 2030та година,  министри даваат оставка и за злоупотреба на службен телефон, а не пак за работи што ги правиш ти – докторе на корпоративно право од Универѐитетот во Подгорица, а не од Харвард ако што лажно се претставуваш!!!

  И уште една сугестија на идната влада што со сигурност ќе ја состави сегашната опозиција. Едно од првите анационални дејанија на нобеловецот од Муртино беше, замислите: нареди да се исече железната ограда околу комплексот на Владата на ул. Илинденска. Тој уништи не само објект што беше прекрасен украс, туку и  д р ж а в е н  имот за којшто беа инвестирани над 700.000 евра од Буџетот на РМ! Предлагам веднаш по превземањето на власта од новата влада да му се испрати сметка на еден милион евра и тој лично да плати да се врати одстранетата ограда (ако е сочувана), или да се направи нова. А ако пак Муртинецот случајно нема во готово да го плати цехот, да му се конфискуваат пет-шест фарми за марихуана што ги има на разни имиња од членови на неговото семејство и од средствата од нивната продажба да се обнови оградата околу Владата и таа да заличи слично на Бакингенската Палата, Белата Куќа и други слични објекти по светот.

3. Владата на ДУИ и СДС упорно настојува по секоја цена да го официјализира криминалниот договор за патиштата што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка. Таа сеуште одбива да го даде контроверзниот договор на увид на јавноста, туку максимум што дозволи е на пратениците со безбедносен сертификат да им го прераскаже во кратки црти. Врв на самоволието е последниот гест на Владата: пакетот закони со кои на конзорциумот му се овозмозуваат огромни повластици, а на кои жестоко се спротиставува опозицијата, сега ги подметнаа во Собранието со европско знаменце, што значи да се донесат по секоја цена по кратка постапка.

  Не помогна дури ни брзата реакција на канцеларијата на ЕУ во Скопје дека спорните закони немаат никаква врска со европското законодавство но владеачката клика на ул. Илинденска не ферма никого и упорно си тера по свое. До кога, се надеваме не уште многу долго!

  Сакам да верувам дека сепак не се работи за некаква премолчена согласност од Брисел и од други метрополи сепак да се протурка контроверзниот договор којшто, според некои експерти, може да чини и до две милијарди долари.

   Или, да не станува збор за уште еден прилог во јакнењето да должничкото ропство на Македонија според сценариото скроено пред деценија и повеќе!!!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top