Македонски легенди

Козма Лесновски

1koyma

1koyma

Козма Лесновски (средината на XIX век – 1906/1907) е духовник, архимандрит и револуционер од Македонија, раководител на Македонската револуционерна организација. За време на неговото игуменство, вратите на Лесновскиот манастир биле ширум отворени за народните дејци и револуционери. По дојава, Турците дознале за активностите во манастирот. Козма бил фатен, осуден и испратен во Бодрум или Подрум кале, Мала Азија, каде кон крајот на XIX и почетокот на XX век биле заточени низа македонски револуционери.

Козма Лесновски е роден во средината на XIX век, во серското село Крчово, Егејскиот дел на Македонија. Се замонашил на Света Гора под името Козма. Во 1895 година, Козма ја прифатил поканата на Скопската егзархиска митрополија да биде игумен на Лесновскиот манастир.

По доаѓањето во манастирот, заедно со кратовскиот учител Григор Манасиев, архимандритот Козма раководел со револуционерните активности на Македонската револуционерна оргамизација.

Во 1897 година, по Виничката афера, тој бил уапсен од османлиските власти заедно со кратовскиот учител Јосиф Даскалов и по сурово мачење биле осудени на егзил и испратени во Бодрум или Подрум Кале, каде кон крајот на XIX и почетокот на XX век биле заточени низа македонски револуционери меѓу кои: Христо Татарчев, Даме Груев, Пере Тошев, Христо Матов и др.

Георги Трајчев во својата книга „Манастирите во Македонија (Софија, 1933) пишува: „ ..За време на неговото игуменство, вратите на Лесновскиот манастир биле ширум отворени за народните дејци и револуционери. А дедо Козма е првиот бунтовник. Клучот од влезната порта на манастирот бил оставен на договорено место за револуционерите. Така, манастирот станал место на заговор против тиранската турска моќ. Монаси само во манастирот беа со одежди, надвор од него – со пушки и бомби. Но, тоа не траеше долго. По дојава, Турците дознале за двојната активност на Козма и браќата околу него и еден ден го опколиле манастирот и ги врзале сите монаси во синџири. Тие беа осудени во Скопје и протерани во Азија…“

По амнестијата се вратил во манастирот. Во 1906 година му се слошило и побарал од митрополитот скопски да оди на лекување во Софија. Се претпоставува дека кон крајот на 1906 година или почетокот на 1907 година заминал за Бугарија, каде што починал.

1Tihomir Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top