Коментари

СПОРЕД СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ: ПРОМЕНАТА НА УСТАВОТ НА РМ E “DONE DEAL” (ГOТОВА РАБОТА, т.e. СВРШЕН ЧИН)

Martin Trenevski 1
1martin1 Мартин ТРЕНЕВСКИ
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРEЛИЧКИ – 201
1.  Сакам на почетокот на новиот циклус колумни најискрено да се заблaгодарам на сите што ми испратија честитки по повод јубилејниот 200ти број на серијата “ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ”, но и на оние што не ми честитаа, па дури и на некои што ми испратија отровни стрели (!?), а сето тоа го сваќам како поттик за уште повеке да се анхажирам и да работам за македонската идеја и кауза. Впрочем, тоа сум го правел одсекогаш бидејки не знам поинаку, а веројатно е и семејно наследство од дедо Илинденец и татко носител на”Партизанска споменица 1941″ и делегат на Првото и Второто заседание на АСНОМ.
    Со еден збор, продолжуваме со пишаниот збор со борбата понатаму!
2.  Една работа што стигна од преку барата не само што ме вознемири, туку и вистински ме загрижи! Имено, минатата недела, на сослушувањето во Комитетот за надворешни  работи на Сенатот на САД  за западен Балкан, кога станало збор за Република Македонија било констатирано дека, според оценките на американската дипломатија, промената на Уставот на РМ биле “done deal” /дан дил/ т.e. (готова работа, или свршен чин)!? Чудно, но на оваа констатација немаше никаква реакција (или можеби јас не приметив), од македонските мас-медии, а не ми се верува дека сите – и печатените и електронските, до последен се купени од власта!?
    Впрочем, за што станува збор? Па владеачката опозиција категорички инсистира во своите кампањи, особено пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, дека наводно  Н Е М А  по никоја цена да гласаат во Парламентот и да обезбедат мнозинство од потребните 80 гласови (од вкупно 120 членови на Парламентот), а во последно време и помалите партии што се застапени во парламентот со по еден или два пратеници инсистираат дека и нивните народни избраници немало да гласаат за промена на Уставот!?
   Следствено, дали констатацијата изнесена во Сенатот на САД е паушална и од рака истресена за да се задоволат присутните во салата, но и други структури во американската дипломатија, или амертиканстата амбасад(орк)а во Скопје добро си ја завршила работата и сега треба да очекуваме слично – веќе видено сценарио овие месеци: опозицијата да глуми отпор кон притисоците од Брисел и Вашингтон за промена на Уставот на РМ и вметнување на бугарите како “конститутивен народ”  (Бог да чува и да брани). Но Сенатот на САД премногу сериозна институција и исклучувам било какви импровизации и маневри туку, сосема олигледно, тоа што е кажано беше е и сработено!!! Ваквата идеја (за промени на Уставоит на РМ)  би била – условдно речено – прифатлива да се наоѓаме на северот на континентот опкружени со данци, норвежани, финци или швеѓани, но овде на Балканот, според мене е  з а с т а р ш у в а ч к а, бидејки станува збор за вметнување на нација (бугарска) која сеуште сонува во 19от век за големи концепции, т.е. за Бугарија од Црното море до Охрид и сл.  Впрочем, доволно е да ги следиме изјавите на членови на Европскиот Парламент како Ковачев и Џамбаски  и слични на нив и се ќе ни биде јасно, За жал, и кај нас дома, се повеќе никнуваат ново освестени бугари (!) кои сосема извесно се тројански коњ на званична Софија во македонското национално битие!
   Но, да се вратиме повторно на фамозниот “дан дил” од Вашингтон. Дали можеби американската амбасадорка во Македонија Анџела П. Агелер на приватниот ручек тет-а-тет со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во нејзината резиденција на Водно во таа прилика можеби го убедила – онака нежно, за “полезноста” од промена на Уставот на РМ и вметнување на бугарите како конститутивен народ во него. Ваквата пракса на убедување (!?) не е нова бидејки бевме сведоци како се уценуваа и ослободуваа пратеници од затвор за да гласаат за промена на името на нашаша земја.
    Посакувам и некоја организација на македонците во САД да праша во Сенатот: што за нив значи констатацијата : “дан дил” (свршен чин) и кој го сработил, за да бидеме начисто како стојат работите!
3. Американската амбасадорка во Македонија Н.Е. Анџела Агелер неодамна констатираше во интервју за државната МИА дека “земјата е доjдена до точката кога самата треба да си ја отвори вратата кон посветлата иднина”! Според неа и актуелниот геополитички амбиент овде се рефлектира и во она што САД го гледааат и однадвор од Западен Балкан во смисол на  геополитички влијанија, но и за дезинформациите, што сега е глобална реалност.
   Амбасадорката Агелер ја пофали Македонија за реакцијата во однос на кризата со руската инвазија во Украина, посебно и за воената поддршка и поддршката за НАТО што, според неа, би требело да биде “извонреден пример и модел за многу поголеми земји од нашата во Европа”!
   Пофалбите од САД се секако добродојдени, но не изостануваат и критиките за корупција во општеството, за партизираното судство и неефикасноста на системот и институциите  на државата.
   А власта како да не ги восприема овие пријателски, но и некои не многу пријатни забелешки. Владата, на пример, пет пари не дава за злоупотребата на таканареченото европско знаменце и прекутрупа наметнува промени на закони само да ги задоворли барањата на конзорциумот Бехтел и Енка за исполнување на криминалниот договор за изградба на автопати во Македонија.
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top