Македонски легенди

Киро Димитровски – Дандаро

1isel7

1isel7

Киро Димитровски – Дандаро (5. Ⅴ 1912 – 1. Ⅴ 1942) е македонски графичар, комунистички деец и првоборец. Поради партиски активности бил осуден и затворската казна ја издржувал во затворите Главњача и Ада Циганлија и во Казнениот завод во Сремска Митровица, од каде што успеал да избега преку подземен тунел. Станал борец на Фрушкогорскиот НОПО од неговото формирање, а потоа работел како типограф во печатницата на весникот „Борба“ во слободното Ужице. Се префрлил во Босна и се приклучил во Витешкиот вод на Романискиот НОПО. Загинал во борба против италијанските окупаторски сили.

Киро Димитровски е роден на 5 мај 1912 година во Битола, во месноста Чифте фурни, во повеќечлено средноимотно семејство. Основно образование и гимназија завршил во Битола, апотоа се вработил како графички работник во печатницата „Просвета“ во Битола.

Киро како млад бил доста активен. Вежбал на справи во Соколаната, станал предводник на душтвото, организирал фискултурен слет и пеел во хорот „Коста Абрашевиќ“.

Во 1932 година  станал активен член на Урсовите синдикати и член на КПЈ. Во 1938 година создал партиска ќелија и илегален кружок, а наредната 1939 година станал член и секретар   на Месниот комитет на КПЈ во Битола. Заедно со своите другари ја прошириле партиската активност во блиските села и Преспа. Во 1940 година ја основал првата партиска техника на МК на КПЈ во Битола, во својата куќа.

На 5/6 септември 1940 година Киро бил уапсен поради растурање на летоци со комунистичка содржина и однесен во Белград каде му се судело согласно Законот за заштита на државата. Прво бил затворен во затворот Главњача, а потоа на Ада Циганлија. На суд го бранел д-р Иван Рибар, адвокат на партијата, кој барал од него да се брани на македонски јазик. На 13 септември 1940 година Киро бил осуден и казната ја издржувал во Казнениот завод во Сремска Митровица, кој бил своевидна школа за комунисти.

Од Казнениот завод во Сремска Митровица на двапата неуспешно се обидел да избега. Успеал да избега дури во третиот обид преку подземен тунел. На 21/22 Август 1941 година 31 затвореник меѓу кои и Дандарот успеале да избегаат од затворот. Веднаш потоа, од самото формирање на 9 септември 1941 година, станал борец на Фрушкогорскиот Народноослободителен партизански одред (НОПО).

Наскоро потоа, во октомври 1941 година, заминал на слободна територија во Ужице, каде работел како типограф во печатницата на централниот печатен орган на КПЈ весникот  „Борба“. По нападот на фашистичките сили на слободната територија, единиците на НОВ и ПОЈ и Врховниот штаб, преку Златибор кон Нова Варош, успеале да ја евакуираат и печатницата до селото Доброселце, а тој заедно со други соборци се префрлил во Босна.

По доаѓањето во Босна, Киро се приклучил во Витешкиот вод на Романискиот НОПО, а потоа станал политички комесар на Првата чета на Петтиот шумадиски баталјон на Втората НО пролетерска бригада на НОВ и ПОЈ.

Киро Димитровски – Дандаро загинал на 1 мај 1942 година во борба против италијанските окупаторски сили во атарот на селото Поткамен, кај Чајниче, БиХ.

По Ослободувањето, на 18 мај 1948 година. неговите посмртни останки биле пренесени во Битола. Неговото име како патрон го носи тогаш основаната битолска печатница.

Извор: (МЕ, 1 А- Љ, Скопје  МАНУ, 2009, стр. 469 ; https://pelanet.mk/?p=57228)

1Tihomir Подготвил: Т.К

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top