Македонски легенди

Васил Бојаџиев

1glg1

1glg1

Васил Бојаџиев (14. XII 1876 – 1950) е македонски црковно-музички деец, црковен певец и учител по црковно пеење. Се школувал во Скопје и во Хилендарскиот манастир, каде што завршил двегодишен курс по источно пеење. Тој е меѓу истакнатите псалти кој оставиле длабоки траги во македонското црковно пеење и творец на еден од највредните црковно-музички дела во македонската музичка историја и пошироко.

Васил Иванов Бојаџиев е роден на 14 декември 1876 година во Кратово. Основно училиште завршил во родниот град, а потоа своето образование го продолжил во Скопје на егзархиското педагошко училиште. Откако се стекнал со основни знаења од црковното пеење, како псалт работел во Тетово, Штип и Струмица.

Своето знаење од црковно пеење Васил И. Бојаџиев го усовршува во манастирот Хиландар на Света Гора, каде престојувал две години. Потоа работел како учител по црковно пеење во богословско училиште, во вториот по големина православен манастир во Бугарија, во Бачковскиот манастир близу до Пловдив.

По Првата светска војна, околу 1922 година, Бојаџиев се преселил во Стара Загора, каде по извесно време бил пензиониран. Период меѓу двете светски војни, тој го искористил да работа на Псалтикискиот воскресник, во кој го вградува целото свое знаење и искуство на учител по црковно пеење.

Откако не успеал да ја отпечати својата книга во Бугарија,. Васил И. Бојациев се вратил во својата татковина. Во 1941 година дошол во Велес, кадешто живеел и работел како диригент на црковен хор и псалт. Meѓутоа, поради отпор од просрпското свештенство, кое го практицирало т.н. српско народно црковно пеење, ниту во Велес не успеал да придобие приврзаници за црковното пеење од славјанско-византиската традиција и да ја издаде својата книга.

Согледувајќи дека во Велес нема да може да ја реализира својата желба, по две години поминати во Велес, заминл за Скопје, надевајќи се дека можеби таму ќе успее да ја испечати својата книга. Но, пред крајот на војната и по ослободувањето на Скопје, во новиот општествен поредок никој немаше интерес за остарениот псалт и за неговиот Псалтикиски воскресник.

Васил И. Бојаџиев ќе почине во Скопје, во 1950 година.

Во 1978 година, по речиси три децении од неговата смрт, Псалтикискиот воскресник ќе ја види светлоста на денот. Со откривањето на овој ракопис се потврди високото ниво на црковното пеење на територијата на Македонија и на неговите бројни претставници. Ракописниот зборник на Васил И. Бојаџиев содржи низа драгоцени црковни творби од македонски автори, непознати до неговото откривање. Речиси, сите овие славјански автори потекнуваат од Македонија: Јован Кукузел, Димитар Златанов – Градоборски, Калистрат Зографски, Христо П. Стојанов, Манасиј поп Тодоров, Стамули Заркиновски, Атанас Бадев, Христо Шалдев и Петар Динев. Од ‚византиските‛ творци застапен е само Петар Пелопонески.

Извор: МЕ, Скопје, 2009 г., стр. 186; „Опширен Псалтикиски Воскресник- Васил Иванов

Бојаџиев“  воведен текст, редакција и нотографија д-р Јане Коџабашија, Скопје, 2011г.;

1Tihomir Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

To top