Македонски легенди

Асен Чаракчиев

1pot4

1pot4

Асен Чаракчиев (19. VII 1911 – 19. XI 1988) е припадник на македонското народноослободителното движење (НОД) во Пиринскиот дел на Македонија. Бил член на БКП и на ВМРО(Обединета) од 1931 г. На судскиот процес во 1936 г., изјавил дека е Македонец по националност, а не Бугарин. За време на Втората светска војна учествувал во оружената борба на НОД, а по 9 – ти септември 1944 г., откако комунистите ја презедоа власта во Бугарија, бил активен во остварувањето на културната автономија во Пиринскиот дел на Македонија. По Резолуцијата на ИБ во 1948 г. отстапил од својата македонска национална определба и го сменил презимето во Кожаров.

Асен Чаракчиев е роден на 19 јули 1911 година во Неврокоп (денешен Гоце Делчев), Пиринскиот дел на Македонија. Во 1931 година Чаракчиев станал член на Бугарскиот комунистички младински сојуз (БКМС) и на Македонската народна студентска група „Гоце Делчев“ (МНСГ – „Гоце Делчев“), како легален клон на ВМРО(Об). Од 1932 година бил член на БКП, секретар на регионалната комитет на ВМРО (Об.).

А. Чаракчиев учествувал во пишувањето на печатениот орган на МНСГ – „Гоце Делчев“),  „Македонски студентски лист“. МНСГ зазеде искрени македонистички позиции и во јануари 1934 година од неа се отцепи групата околу Хаџикимов, која заедно со Борис Михов го издаваше весникот „Македонска борба“. Од своите редови ги исклучува Васил Ивановски, Д. Танов, Коста Веселинов, Асен Чаракчиев и Димитар Шарланџиев со обвинување дека петмината се придржуваат до „неоснованата теорија за македонската нација и националното угнетување во Пиринско“.

Во 1935 година, А. Чаракчиев и Васил Ивановски го издаваат илегалниот весник „Македонска револуција“. На 15 август 1935 година Чаракчиев бил уапсен од полицијата заедно со други членови на ВМРО (Об.). На судењето во јули 1936 година, Чаракчиев изјавил дека е Македонец по народност, а не Бугарин, дека Пиринска Македонија има право на самоопределување и нејзино одвојување од Бугарија. Чаракчиев ги негира организациските врски на ВМРО (об.) со БКП, иако не крие дека е комунист. Врз на Законот за заштита на државата на Царството Бугарија,Чаракчиев бил осуден на 5 години затвор и парична казна од 50.000 лева за антидржавна и прокомунистичка активност насочена со насилство (вооружено востание) за промена на државното уредување и оштетување на територијалниот интегритет на државата.

Во 1940 година Чаракчиев е ослободен од затвор. За време на Втората светска војна учествувал во оружената борба на НОД од 1941 до 1944 година. Во март 1944 година повторно бил уапсен.

По превратот на 9-ти септември 1944 година, Чаракчиев станал секретар на Окружниот комитет на БКП во Горна Џумаја и се приклучил на новото раководство на Македонскиот научен институт, а подоцна се вклучил во раководството на македонските емигрантски организации.. Бил активен во остварувањето на културната автономија во Пиринскиот дел на Македонија. Во 1948 година завршил вонредно филозофија на Универзитетот во Софија.

Стекнувајќи се со привилегии во бугарското општество, по Резолуцијата на ИБ во 1948 година, тој отстапил од својата македонска национална определба. Заземал раководни функции во ЦК на БКП, во БАН и во Институтот за историја на БКП при ЦК на БКП.

Од 1949 до 1951 година бил предавач по филозофија на Државниот политехника во Софија (сега Технички универзитет). Од 1949 до 1960 година работел како соработник во ЦК на БКП. Извесно време бил член на кабинетот на Тодор Живков.

Од 1960 до 1962 година бил директор на „Бугарската енциклопедија“ при Бугарската академија на науките. Од 1962 година е виш научен соработник на Институтот за филозофија. Од 1952 до 1972 година, со кратки прекини, бил научен секретар и заменик главен и одговорен уредник на списанието „Филозофска мисла“, објавено во Софија. Во 1963-1966 година бил претставник на ЦК на БКП во списанието „Проблеми на мирот и социјализмот“ во Прага. Од 1966 до 1969 година бил заменик директор на Институтот за историја на БКП при ЦК на БКП. Исто така, од 1966 до 1981 година бил заменик директор на Институтот за современи општествени теории при БАН. Во 1968 година го менува презимето во Козаров. Во 1973 година станал доктор на филозофски науки, а во 1977 година – професор. Во 1971 година е одликуван со Орден НРБ I степен, а во 1981 година со Орден „Георги Димитров“.

Асен Чаракчиев  починал на 19.ноември 1988 година во Софија.

1Tiho3 Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top