На прво место

Мицкоски: Современиот патриотизам се докажува со инвестиции, реформи и силни институции

Делото на Ѓорче Петров останува трајна инспирација за сите генерации, но и обврска денешната Македонија да се гради како силна, достоинствена и просперитетна држава, со институции во кои граѓаните ќе имаат доверба и со иднина во која младите ќе сакаат да останат.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќање на настан по повод споменот на Ѓорче Петров, порача дека неговото дело и идеалите за слободна и достоинствена Македонија остануваат трајна инспирација, но и силна обврска за денешните генерации.

Мицкоски истакна дека патриотизмот во денешно време не се докажува само со големи зборови, туку со работа, резултати, развој, инвестиции, реформи, силни институции и подобар живот за граѓаните.

„Денес, кога оддаваме почит на неговиот лик и дело, не се поклонуваме само пред човек кој го вгради својот живот во темелите на историската ВМРО, туку и пред една идеја која останува жива повеќе од еден век. Идејата дека Македонија има право на своја иднина, дека македонскиот народ има право на достоинство, дека слободата има цена, а таа цена секогаш ја плаќаат најхрабрите, најчесните и најпосветените луѓе на своето време“, порача Мицкоски.

Тој нагласи дека Ѓорче Петров не бил само револуционер и организатор, туку и човек на книгата, науката и знаењето. Преку своето капитално дело „Материјали по изучувањето на Македонија“, Ѓорче Петров оставил сведоштво дека љубовта кон татковината се покажува и преку знаење, истражување, разбирање на сопствениот народ и зачувување на неговата историја, култура, географија и идентитет.

„Во исто време, Ѓорче Петров бил човек на книгата, на науката и на знаењето. Неговото капитално дело „Материјали по изучувањето на Македонија“ претставува сведоштво дека љубовта кон татковината не се покажува само со револуционерна борба, туку и преку истражување, преку разбирање на сопствениот народ, преку грижа за неговата историја, култура, географија и идентитет. Тој верувал дека народ кој не се познава себеси тешко може да ја обликува својата иднина, а народ кој ја познава својата историја никогаш не дозволува некој друг да му ја пишува“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека историјата има вистинска вредност само тогаш кога од неа се извлекуваат поуки за иднината.

„Историјата има вредност само тогаш кога знаеме да ги препознаеме поуките што ни ги остава. Ако денес зборуваме само за минатото, а не научиме ништо за иднината, тогаш не сме ја исполниле нашата должност кон оние што ја создавале оваа држава“, посочи тој.

Според Мицкоски, денешната генерација нема задача да создава револуционерни организации и да води ослободителни борби како генерацијата на Ѓорче Петров, но има исто толку важна задача — да изгради држава достојна за нивната жртва.

„Нашата генерација нема задача да создава револуционерни организации и да води ослободителни борби како неговата генерација. Нашата задача е да изградиме држава која ќе биде достојна за нивната жртва. Да изградиме Македонија во која младите ќе сакаат да останат. Македонија во која ќе се отвораат нови фабрики, ќе се градат нови патишта, железници, училишта и болници. Македонија во која институциите ќе бидат силни, правдата ќе биде еднаква за сите, а успехот ќе зависи од трудот, а не од привилегираните“, порача Мицкоски.

Тој потенцираше дека современиот патриотизам значи секоја нова инвестиција, секое ново работно место, секоја реформа што ја прави државата поорганизирана, посилна и поуспешна, како и создавање институции во кои граѓаните ќе имаат доверба.

„Токму затоа нашата борба денес е борба за развој. Борба за силна економија, за нови инвестиции, за подобри плати, за модерно образование, за здравство што ќе биде достапно и квалитетно, за владеење на правото и борба против корупцијата. Борба за Македонија која ќе биде држава на можности, а не држава на изгубени шанси. Тоа е современиот патриотизам“, заклучи Мицкоски.

Најново од: На прво место

Згрозени сме што Левица ја критикува можноста деца од социјално загрозени семејства да одат на летни кампови

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје изразува згрозеност од однесувањето на советниците на Левица, кои ја критикуваа можноста деца од социјално загрозени семејства бесплатно да заминат на летен камп. Наместо да ја поддржат мерката, која директно им помага на децата и на семејствата на кои поддршката им е најпотребна, советниците на Левица […]

Македонски историски календар: 1 септември

1946 – Почнало Првото заседание на Народното собрание на Македонија На 1 септември 1946 година во Скопје било отворено Првото заседание на избраното Народно собрание на Македонија. Седницата ја отворил најстариот пратеник, македонскиот револуционер и илинденец Крсто Гермов – Шаќир Војвода. Со почетокот на работата на Собранието продолжило институционалното градење на македонската држава, чии темели […]

Од септември ново зголемување на пензиите – се пресметува точниот износ

Пензионерите од септември ќе добијат ново зголемување на пензиите, овојпат преку редовното законско усогласување. Точниот процент и износот на покачувањето сè уште се пресметуваат, а конечните податоци ќе бидат познати по завршувањето на потребните пресметки. Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека усогласувањето ќе се изврши во согласност со Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Тој нагласи […]

Општина Маврово и Ростуше обезбеди по 6.000 денари, ранци и училиштен прибор за сите првачиња

Општина Маврово и Ростуше обезбеди еднократна парична поддршка од 6.000 денари, училиштен ранец и комплетен школски прибор за секое прваче запишано во општинските основни училишта. Како што информираат од Општината, мерката се реализира согласно програмските определби и приоритети на градоначалникот Онер Јакупоски, насочени кон поддршка на семејствата и унапредување на образованието. „За секое запишано прваче […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да достави докази за обвинувањата за дата-центрите

Во однос на прашањето поставено на прес-конференцијата на СДС – дали премиерот Христијан Мицкоски „под радарот“ на јавноста договара бизниси поврзани со дата-центри – одговорот е: не. Бидејќи товарот за докажување на секое јавно изнесено тврдење е на оној што го соопштува, го повикуваме СДС да ги достави доказите врз кои ги заснова своите обвинувања. […]

Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините – Владата продолжува со силна поддршка на капиталните проекти

По резултатите од првиот јавен повик за поддршка на општините, Владата го распиша и вториот повик, со цел продолжување на инвестицискиот циклус и подобрување на условите за живот на граѓаните, истакна Коцевски. Преку двата јавни повика, Владата им стави на располагање на единиците на локалната самоуправа вкупно 18 милијарди и 449 милиони денари од унгарскиот […]

Заедно за иднина – приклучи се!

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ воведува прв целосно дигитален процес на зачленување ВМРО-ДПМНЕ од 1 септември започнува голема кампања за ажурирање на постојното членство и прием на нови членови. Кампањата ќе трае до 30 ноември, а за првпат во Македонија една политичка партија воведува целосно дигитален процес на зачленување и ажурирање на членството, соопшти генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ […]

Тодор Александров – духот на македонската борба

Тодор Александров (4 март 1881 – 31 август 1924) е македонски револуционер и еден од најистакнатите раководители на ВМРО. Роден е во Ново Село, Штипско, а бил убиен кај месноста Трите Реки, во близина на пиринското село Сугарево. Неговиот живот и револуционерно дело биле посветени на борбата за автономна, обединета и независна Македонија. Во плејадата […]

To top