Коментари

КРАТКОВИДОСТА НА ТЕХНИЧКИОТ ПРЕМИЕР

Martin Trenevski 1

1martin1 

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

1. Македонија е богата со светли датуми од поблиското и подалечно минато што ги одбележале луѓето на оваа света и во Библијата многупати спомената земја! Да го споменеме на пример двојниот Илинден –  2ри август 1903 и 1944, па Денот на зезависноста 8ми септември, потоа 11ти октомври – Денот на востанието на македонскиот народ против фашистичката окупација, и други датуми. Но секако еден од најсветлите датуми е и 4ти фебруари, денот на раѓањето на иконата на Македонија и на македонската револуционерна борба и на нејзиниот народ, Гоце Делчев.

Нашиот и само наш Гоце Делчев (но не пречи ако го почитуват и слават и други бидејки неговите идеи и пораки се у н и в е р з а л н и), е светилник на вековната македонска револуционерна борба што резултираше со независност на дел од поделената во Букурешт1913та година етничка Македонија и создавањето на независна Република Македонија.

Мораме да бидеме доследни и да укажеме: во тие борби и настојувања за независност на Македонија не учествуваа само македонците по род, туку и поединци на други народи кои живеат во Македонија! Следствено, празниците што ги наведов се празници на  с и т е  кои живеат во Македонија и како такви ние сите треба да ги чуствуваме и почитуваме.

42549007

Благодарение на големиот Георги Димитров, по мајка Македонец, а по уверување космополит, денес ги имаме и ги поседуваме посмртните остатоци на нашиот Гоце. Се поклонуваме на неговиот саркофаг во црквата Св. Спас во Скопје и секоја година највисокото државно раководство, Поглаварот на МПЦ, претставници на политички партии и претставници на здруженија на граѓани се поклонуваат пред  вечното почивалиште каде му се исполни и неговата животна желба: да почива во слободна и независна Македонија.

Иако години наназад се соочувавме со невидена агресија од источниот сосед кој настојува да си го присвои нашиот Гоце, до сега успеавме да одолееме и да не дозволиме скрнавење на неговиот светол лик.

Со години наназад највисокото државно раководство – Претседателот на државата, спикерот на Собранието и Претсеедателот на Владата на Македонија,  се поклонуваа пред саркофагот на Гоце. 

  Но не и оваа година. Актуелниот (насаден на таа позиција спротивно на Уставот на РМ) Претседател на Владата на Македонија, Талат Џафери не дојде да се поклони и да положи цвеќе пред саркофагот на Гоце. Наводно имал други обврски (?), а наместо него тоа го стори извесниот Бојан Маричич, прв потпретседател на Владата. 

  За постапката на бившиот мајор на ЈНА Талат Џафери говори многу лошо за него лично бидејки, иако е само технички премиер (според неуставниот договор со антимакедонската СДСМ за Албанец за премиер на техничката – неуставна влада сто дена пред изборите), тој сепак е на позиција премиер на  сите  граѓани на оваа понижена земја и мора соодветно да се однесува и да ги почитува!!!

Што мисли Талат, но и неговите ментори од Зајас и Мала Речица, со ваквото етноцентрично однесување? Ќе ги понижуваат македонците, ќе освојуваат територија и ќе манифестираат супремација над своите православни сограѓани, Македонци!? Па видовме во 90тите години од минатиот век  до каде доведоа тие големонационалистички концепции во стилот: “сите…во една држава”. Зарем Талате со твоите ментори тоа го посакувате и тоа во првата четвртина од 21от век? И мислите дека тоа некој ќе ви го дозволи.

Додуша, јасно ми е дека некои соседи и особено некои важни светски политички центри не ни посакуваат добро и би сакале како во 19oт и почетокот на 20oт век да прецртуваат мапи и да влечат нови граници, но народот такво нешто нема да дозволи.

И Талате, да те информирам: моите корени влечат од славна Копачка, во песни опеана. Јас сум растен со албанци, повеќето од Зајас, кои ни доаѓаа кај нас дома, со кечиња и обавезно со пиштоли на  појасот (типичен фолклор за луѓето од Зајас) за да побараат од татко ми Злате изјави за стаж, пензија, детски додаток и сл. Но тоа беа Талате нормални луѓе, верни на оваа земја, и огорчени противници на етнонационализмот што го заговараат твоите ментори, а чиј експонент (судејки според твоето однесување и постапки) си лично ти, мајоре на ЈНА, со зевршени школи и воени академии во Белград и воспитуван во еден друг дух.

Дали некогаш си се запрашал: каде води политиката што ти ја практикуваш, а ја заговаат повратниците од Швајцарија, сега  твои сопартијци од Мала Речица!?

Ослободи се од твојата политичка кратковидост Талате! И покрај твоите постапки изминативе триесетина години од осамостојувањето, сепак имаш прилика да се покажеш и да докажеш дека  не си како нив Талате. Појди и поклони се на гробот на Гоце да те паметиме дека можеби имало нешто човечко во тебе.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top