Македонски легенди

Тане Наумов

1tri5

1tri5

Тане Наумов (24 II 1907 – 27. VI 1977) е македонски комунист, учесник во граѓанската војна во Шпанија, во народноослободителната борба во Егејска Македонија  и во граѓанската војна во Грција. Во 1933 г., станал член на КПГ. Од 1937 г,, како доброволец, учествувал во интернационалните бригади во граѓанската војна во Шпанија. По повлекувањето на овие бригади тој емигрирал во Франција, каде ја дочекал окупацијата. Во 1942 г. бил затворен од Гестапо, а во 1943 г. бил префрлен во Бугарија, од каде успеал да побегне. Се вратил во родното село и се вклучил во ЕЛАС, а потоа учетвувал во граѓанската војна во Грција, По поразот на ДАГ, преку Албанија заминал за Полска, од каде се вратил во Битола во 1956 г.

Тане Лазар Наумов е роден на 24 февруари 1907  г. во Леринското село Долно Котари, Во 1912 г., за време на Првата балканска војна, биле убиени неговиот татко и дедо, па почнал многу рано да работи. Во 1933 г. станал член на Грчката комунистичка партија (КПГ). По воведувањето на диктатурата на Јоанис Метаксас во 1936 г., кој строго ја забранил употребата на македонскиот јазик, не само во секојдневниот живот, туку и во рамките на семејството, Тане Наумов.заедно со други грчки комунисти заминал со брод за Панама.

Во летото 1937 г., Наумов од Панама заминал за Шпанија, за да се бори како доброволец во интернационалните бригади во граѓанската војна во Шпанија, . Прво бил морнар на трговските бродови  „Станвел“ и „Марзит“ и учествувал во снабдувањето со оружје и храна за шпанската републиканска армија по море. По потопувањето на бродовите од непријателската авијација (авионите на фашистичка Германија и Италија), се приклучил на пешадиските единици.

На почетокот на 1939 г., со последните интер-бригадисти Наумов ја напуштал Шпанија и пребегнал во Франција. По директива на Комунистичката партија на Франција (КПФ) работел во внатрешноста на Франција, во рудникот Буасон.

За време на Втората светска војна, по окупацијата на Франција од нацистичка Германија, во 1942 г., Тане Наумов бил фатен од Гестапо и бил затворен во логорот „Рош Рум“ во Германија. Во април 1943 г., тој бил префрлен во Бугарија (Пирот), од каде на почетокот на мај, успеал да побегне од логорот и се вратил во родното село. По враќањето во Егејскиот дел на Македонија, се вклучил во Грчката народноослободителна армија (ЕЛАС) и бил назначен за организациски секретар на Суровичкиот реон.

По повлекувањето на германските сили, Тане Наумов продолжил да се бори против режимот на десницата, кој во тоа време завладеал со Грција. Во текот на Граѓанската војна во Грција, тој бил организациски секретар на  Народноослободителниот фронт (НОФ) за Леринско-кајларскиот реон, а подоцна станал член на Главното раководство на НОФ.

По поразот на Демократската армија на Грција (ДАГ), во септември 1949 г., Тане Наумов заедно со единиците на Демократската Армија на Грција (ДАГ) се повлекол во Албанија, од каде во ноември истата година со товарен брод бил префрлен во Полска . За време на Инфорбирото, таму бил осуден како „титовист“ на седум години строг затвор и од март 1950 г. бил во затворот во Згожелци.

По една година од смртта на Сталин и по одлежаните четири години затвор, Наумов добил помилување и во мај 1954 г. бил ослободен. Во 1956 г. се вратил во Југославија, но по доаѓањето во Скопје бил затворен и испитуван три дена во затворот во Идризово. Во август Во 1956 г. бил ослободен и пристигнал кај своето семејство во Битола.

Тане Наумов  починал на 27 април 1977 г. во Битола.

Тој бил одликуван со повеќе признанија и ордени, меѓу кои и Јубилејна значка на југословенските доброволци на Шпанската републиканска војска во 1956 г.; Орден на братството и единството со сребрен венец во 1963. Ордена заслуги за народ со сребрна ѕвезда во 1963.; Два ордени за учество во Шпанската граѓанска војна од 1936-1939 г.; Орден за храброст, признание доделено од Претседателот на СФРЈ во 1974 г.

1Tiho3 Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top