Коментари

Време е СДС и ДУИ да платат за гревовите кои ги направија на македонскиот народ

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во минатото вети дека следен Претседател по Стево Пендаровски ќе биде Албанец. Сега, пред претседателските и парламентарните избори, кога по две децении на власт бродот му тоне, се заканува дека ќе оди во опозиција доколку не се прифати барањето во парламентот да се избира претседател на Македонија. Иако ова барање не е од вчера, сепак тоа преставува алиби од престојниот пораз на изборите.  

Ваквото барање доаѓа и од албанските опозициски партии, но со оградување дека би бил услов за коалицирање со победничката македонска партија. Сепак, барањата за промена на Уставот и внесување на Бугарите во него, остранувањето на 20% што го дефинира албанскиот јазик, како и изборот на претседател на државата во Собранието, покажува дека албанските партии немаат чуство ни за времето, ни за општеството во кое живеат. Ставајќи се на прво место, тие како да забораваат на мнозинството Македонци и другите етнички заедници.  

Барањата на Албанците, тие и Македонците во иднина да одлучуваат за распределбата на трите највисоки државни функции, не ги рушат бариерите како што сакаат да престават, туку ја рушат не само меѓусебната доверба, туку и довербата на останатите заедници. Едноставно, ваквите барања го трасираат патот кој води до рушење на унитарниот карактер на земјата.

Во тој контекс, само да ги погледнеме таблите на македонските институции, покрај на македонски и англиски стои назив и на албански, како да сме бинационална држава. На таблата нема испишано име на институцијата на турски, влашки, српски, бошњачки или ромски јазик, што е дискриминирачко во однос на помалите заедници.  Ваквиот начин на водење политика доведува до покачување на етничките тензии.

Инаку, само Киро Глигоров досега бил избран со гласови на пратеници во Собранието во јануари 1991 година. Потоа, тој и сите други поранешни македонски претседатели биле избрани на непосредни избори. Секое враќање на избор на претседател во Собранието е газење на демократските права на граѓаните да бираат кандидат кој го заслужува тоа место, а истовремено тоа би значело и усложнување на функцијата на претседателот кој треба да ги штите интересите на граѓаните и националните интереси на државата.

Добро е што и двете најголеми партии ВМРО ДПМНЕ и СДС се против барањата на албанските партии за укинивање на непосредните избори за претседател и негов избор во Собранието.

ВМРО ДПМНЕ се изјасни дека не прифаќа уцени и побара од граѓаните на изборите да го испратат ДУИ во опозиција.

СДС која е најголем виновник за позицијата во која се наоѓа земјата и која на ДУИ и ветуваше и даде се, само да остане на власт, сега е против нивното барање.

Сепак, обидот на СДС да се извади со ваков став, покрај сите негативни одлуки против интересите на македонскиот народ, нема да ги спаси од изборен пораз. Македонскиот народ и останатите заедници одлучно ќе им кажат не на политиките на ДУИ и СДС. Тие ќе им кажат доста ви е владеење, доста правевте штети на државата. Време е да платите за гревовите  кои ги направивте на македонскиот народ.  

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top