Култура и туризам

МИСТЕРИЈА КОЈА НИКОГО НЕМА ДА ГО ОСТАВИ РАМНОДУШЕН! ОБЈАВЕН КРАТКОМЕТРАЖНИОТ ИГРАН ФИЛМ „ЈАНА“ ОД АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ

1mond1

1mond1

Неодамна (по претходната премиера во Штип и претставувањето на ТВ) на каналот Youtube  е поставен краткометражниот триесетминутен игран филм „ЈАНА“ според сценарио и монтажа на Александар Донски, а  во режија на Трајан Ристовски и Александар Донски.

Филмот по жанр е мистерија, но изобилува со емоции и носталгија по младоста и рок музиката во далечните 1970-ти години. Главен лик во филмот е иселеник од Штип кој за прв пат се враќа во родниот град по четири и пол децении, но не може ни да сонува каков мистериозен настан таму ќе му се случи. Филмот веќе предизвикува голем интерес во јавноста и поради тоа што претставува потсетување и на легендарната македонска рок група „ТРИАНГЛ“ од Скопје и нивниот голем хит „Јана“ од 1975 година, чија музика доминира во филмот. Потсетуваме дека гитаристот на „Триангл“ Борче Стоевски загина во сообраќајна несреќа во 1977 година, а басистот Кокан Пандиловски беше почесен гости на премиерата на филмот во Штип. Филмот е снимен на локации во Јапонија и во Штип и е во  продукција на: Фото-кино клубот „Ванчо Прќе“ од Штип. Продуцент на филмот  е Славе Ивановски во сеќавање и чест на својот син Ангел Ивановски (1983 – 2022). Во филмот настапуваат професионалните глумци: Страшко Милошевски, Ава Хусеини и Рујиш Беговска, како и Александар Донски.

Во филмот учествуваат и: Јасминка Соколовска, Загорка Донска, Марија Причкова Митева и Ленче Филипова. Камерата е на Трајан Ристовски и Загорка Донска, додека за тонската обработка беше задолжен Филип Стевановски и неговата FIS Production. Фотографиите се на Маја Рамона Крстевска, Биљана Кошарска, Коце Митрев и Фото-кино колуб „Ванчо Прќе“.

ФИЛМОТ МОЖЕТЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ НА:

https://www.youtube.com/watch?v=rQJMumKqMh0

          Или ако го побарате каналот Aleksandar Donski  на Youtube и го впишете името на филмот JANA. Филмот е титлуван и на англиски.

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top