Коментари

По седум години од владеењето на ДУИ и СДС, веќе никој не им верува

1DOOM

DOOM Македонска нација

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика народот на престојните парламентарни  и претседателски избори да ја сменат оваа ненародна власт предводена од ДУИ и СДС.  По неговиот повик да се врати државата на народот незадоволните граѓани, како поединци или здруженија и партии, масовно застануваат под развиореното знаме за борба против корумпираната и криминална власт.

Во најбројната досега коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, рамо до рамо застанаа 24 политички субјекти и организации спремни да се борат за промени и создавање на стабилна и силна Македонија.

Анкетите потврдуваат дека Проф. Др. Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ја имаат најголемата доверба кај народот и дека нивнот рејтинг на дневна основа се зголемува, за разлика од нивните противкандидати чиј рејтинг секојдневно опаѓа.

Народот повеќе не им верува на ДУИ и СДС, кои за седум години ништо не исполнија од ветувањата. И како да им се верува сега, кога верувале или не, ветуваат дека ако останат на власт ќе има 1.100 евра просечна и 600 евра минимална плата, уште поголеми ако се влезе во ЕУ, зголемување пензиите на 30.000 просечна и 20.000 минимална.

Едноставно,  лажеа дека нема да го сменат името, дека се започнати преговорите за членство во ЕУ, дека откако ќе влеземе во НАТО, во земјата ќе тече мед и млеко, дека ќе го доизградат автопатот Кичево – Охрид, па нов клинички центар, дека пензионерите ќе добијат минимална пензија од околу 18.000 денари и ред други ветувања кои не ги исполнија. Ветуваа многу, но ништо не направија. За тоа време државата го смени името, влезе во НАТО и наместо влез во ЕУ и прогрес, се’ упропастија. Ги загрозија националните интереси, безбедноста, овозможија голема корупција и криминал, ја уништија економијата, ја зголемија сиромаштијата, го уништија здравството, образованието  и т.н.

По седум години од владеењето на ДУИ и СДС, веќе никој не им верува.

Свесни дека немаат никакви шанси на престојните парламентарни и претседателски избори, челниците на ДУИ и СДС во немање друг избор за да ги задржат позициите, се користат повторно со лаги, со разни максималистички ветувања, но и закани по мирот во Македонија. Постарите велат „кој губи, има право да се лути“. Но тоа незначи дека треба некој да се заканува со насилства, зошто може да се изгори од огнот. 

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ се свесни за сериозноста на предизвиците кои престојат во борбата со корупцијата и криминалот, како и за борбата за обнова на секој уништен сегмет од државата. ВМРО-ДПМНЕ е партија која ветува и го исполнува ветеното. Во таа претстојна тешка борба за промени, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има целосна подршка од мнозинството на македонскиот народ. Особено таа е изразена од сите структури на Партијата, Униите на Ветерани, Жени и Млади, Патриотскиот Институт, неоределените, пензионерите, синдикатите, незадоволните членови на СДС и ДУИ.  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ има целосна подршка од сите без разлика на вера и нација кои сакаат државата да оди напред, да не се иселуваат младите, да се зголемат пензиите, да нема криминал и корупција,…

За да се острани од власт оваа ненародна власт на ДУИ и СДС, власт која го направи народот посиромашен и го погази аманетот на Илинденците и АСНОМ-ците, потребна е многу поголема излезност на престојните избори. Седењето дома на денот на изборите, е глас даден за СДС и ДУИ.

За нашата и иднината на нашите деца и внуци се работи.

1Mit7

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top