Македонски легенди

Георги Топалов

1leg1

1leg1

Георги Топалов (1893 – 16. V 1944) е македонски револуционер од Пиринскиот дел на Македонија. Во 1923 година учествувал во Септемвриското востание. Потоа емигрирал во Советскиот Сојуз и од таму се вратил во 1937 година. Во партизанското движење на отпорот во Пиринскиот дел на Македонија се вклучил во 1943 година заедно со синовите Димитар и Иван и неговата ќерка Надежда – најмладата партизанка. Тој бил политички водач во партизанскиот одред „Никола Парапунов“ и заменик политички комесар на Четвртата Горноџумајска востаничка оперативна зона.

Георги Топалов е роден во 1893 година во разлошкото село Горно Драглишта во сиромашно семејство. По смртта на неговиот татко работел како селски наемен работник за да преживее.

Во текот на Првата балканска војна 1912 – 1913 година. Г. Топалов учествувал како доброволец на Македонско-одринското ополчение. Тој бил ранет и се наоѓал на лекување во болницата во Едрене, која била окупирана од бугарската војска. При заземањето на Едрене од Турците за време на Втората блаканска војна, ранетиот Топалов бил заробен и испратен во логор во Мала Азија. Подоцна бил ослободен.

Г. Топалов учествувал и во Првата светска војна. На фронтот се зближил со Костадин Патоков, еден од првите комунисти во Разлошко, што ќе влијае на неговата иднина..

Во 1919 година Топалов влегол во БКП и е основач на организацијата на партијата во Горно Драглишта. Учествувал во Септемвриското востание во 1923 година, организирајќи група за помош на востаниците во Разлог. По востанието бил земен како заложник од војводата на ВМРО Алеко Василев.

Георги Топалов бил ослободен во 1925 година и емигрирал во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, а оттаму во СССР. Завршил четиригодишно партиско училиште во Москва и работел во фабриката Лихачев, каде долги години бил секретар на партијата.

Во 1937 година, Г. Топалов бил испратен од Задграничното биро на ЦК на БКП во Бугарија. Тој се насели во Горно Драглишта. Меѓутоа, по десет дена, властите го интернирале во Смолјан, каде што престојувал 10 месеци. Потоа се вратил во Горно Драглишта и работел во шумската задруга. Пред Втората светска војна, во 1940 година повторно бил уапсен и мачен.

За време на Втората светска војна, во зимата 1941 година, Г. Топалов станал јатак на Разлошкиот партизански одред. Во движењето на отпорот се вклучил на 4 јули 1943 година заедно со синовите Димитар и Иван и неговата ќерка Надежда – најмладата партизанка. Тој е политички водач во Партизанскиот одред „Никола Парапунов“ и заменик политички комесар на Четвртата Горноџумајска востаничка оперативна зона.

Георги Топалов познат како Дедо Георги загинал во битка со жандарми во областа Равен кај Белица на 16 мај 1944 година.

(извор: М.Е. II, Skopje 2009 г.)

1Tiho3 copy copy copy copy copy Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top