Македонски легенди

Георги Саракинов

321

321

Георги Саракинов (1887 – 1971) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. Тој e правнук на Ангел Гацо, кој одиграл важна улога во Негушкото востание во 1822 година. Во 1944 година го потпишал Апелот до Македонците во Бугарија и учествувал во активностите на Сојузот на македонските иселенички организации во Бугарија.

Георги Гоцев (Гацев) Саракинов е роден во 1887 година во воденското село Саракиново, но живеел во Воден.Тој е син на Гацо Саракинче и правнук на Ангел Гацо, кој при избувнувањето на Грчкото востание одиграл важна улога во Негушкото востание во 1822 година.

Во 1902 година завршил трговски курс на Солунската машка гимназија, а потоа помеѓу 1903 и 1905 година студирал во високото трговско училиште во Лајпциг.

Од 1905 до 1911 година работи како учител во Солунската машка гимназија. Член е на Солунскиот окружен комитет на Македонската ослободителна организација.

По Втората балканска војна емигрирал во Бугарија. По војните се населил во Бургас, каде 25 години работел во американската компанија „Стандард Оил“.  Потоа, до 1943 година работел во претставништвото во Софија на американската компанија Сакони Вакуум.

Во јануари 1937 година, тој бил избран за потпретседател на Воденското добротворно братство во Софија. На оваа функција останал до 1941 година.

Во мај 1941 година, Георги Саракинов заедно со Андон Калчев, Васил Стумбов, Спиро Василев и Тома Бакрачев основале македонско-бугарски комитет во Лерин, Костур и Воден. Но, тој бил протеран поради конфликт со германските окупаторски власти.

По 9 септември 1944 година го потпишал „Апелот до Македонците во Бугарија“ и учествува во активностите на Сојузот на македонските иселенички организации во Бугарија.  

Апелот кој е објавен во средината на септември 1944 година во Софија, Бугарија, е обраќање на 29 активисти поранешни дејци на ВМРО (обединети), до македонските иселенички организации во Бугарија, чија главната задача била придобивка за помош од македонскиот народ за народното ослободување и обединување на Пиринска Македонија кон новоформираната ДФ Македонија (име од 2 август 1944 до 8 март 1946 година).

Георги Саракинов починал во 1971 година во Софија.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top