Коментари

Никој не е над законот и Уставот!

1Manojil

1Mane 4 copy copy copy

Мане Јаковлески

Случајот „едно евро за Вицето“, стана познат откако во јавноста пред повеќе години беше објавена снимка во која тогашниот градоначалник на Струмица наводно барал мито за да легализира земјиште. Сепак одговорност немаше и наместо да одговара, тој како соодветен, стана премиер и образец на однесување на еден дел од тогашната коалиција СДС и ДУИ. За време на таа власт, корупцијата и криминалот во земјата го достигна својот врв.  

Соочени со фактот дека по губењето на власта неможат повеќе да ограбуваат, да делат тендери во четири очи, да распродаваат национални интереси, да не одат на работа и да земаат плата, да играат фудбал во канцеларии, како и уплашени од можноста, дека оние кои се огрешиле, еден ден ќе одговараат пред судските инстанци, челниците од ДУИ се закануваат со дестабилизација на земјата.

Наместо осуда, таканаречената државотворна партија СДС, збор не кажа за најавите за можна дестабилизација на довчерашниот коалиционен партенер во власта, со кого бездушно се распродаваа националните интереси и се ограбуваше државата.  Истите тие кои дозволија да се ограбува државата денес покажуваат загриженост дека Владата земала заем!?  

Во тој контекст премиерот Мицкоски ќе изјави: „Да ги вратат искрадените пари назад во буџетот, немаше да има потреба од задолжување, ќе имаше повеќе пари за инвестиции, повеќе вработени, повисоки плати и пензии, повеќе канализации, водоводи, школи, градинки, субвенции, повеќе деца и ќе немаше толку иселени“.

Исто така, Мицкоски ќе каже дека: „СДС и ДУИ да не ограбуваа, Македонија ќе беше една од најбогатите држави во регионот!“ Кога ќе се затворат сите дупки каде што претходно се крадел народот со години, кога институциите ќе функционираат и кога криминалот ќе стане неисплатлив тогаш приходите во буџетот ќе пораснат.

За нецели два месеци, актуелната Влада предводена од Христијан Мицкоски, направи повеќе од 7 годишното владеење на СДС и ДУИ.

Парите се користат разумно и има многу реализирани проекти по опшините. Се изградија или реновираа училишта, детски градинки, улици, патишта, канализации, водоводни мрежи, продолжи доизградбата на автопатор Кичево-Охрид (за кој 7 години се трошеа милиони, а не се  изгради ниту еден километар). 250 милиони евра годишно за капитални проекти по општините, покачување на пензиите за 5000 денари, инвестиција на „Алказар Енерџи“ од околу 450 милиони евра за енергетска независност и 630 нови работни места, укинување на економските директори, укинат Факултетот за здравствени услуги во Струга, финансирање на клиничките болници во Штип и Кичево, нова германско–белгиска инвестиција во Македонија и 110 нови работни места, во најава е американска инвестиција во Македонија вредна 35 милиони евра и 100 нови вработувања, и многу други капитални инвестиции со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така, Царина и УЈП имаат рекордно собрани приходи од над 25.4 милијарди денари, а ЈП за државни патишта има над 16 милиони денари поголема реализација во јули оваа година во споредба со лани.Овие пари значат повеќе инвестиции за градинки, училишта, пристојно здравство.

Од сето ова, може да се извлече заклучокот дека овие пари завршувале во нечии приватни џебови изминатите години. За брзо ќе дојде време да се даде одговор и на ова прашање. Со домаќинско и одговорно работење за повисок стандард и подобар живот, изјави Премиерот Христијан Мицкоски.

И што е многу важно, новата Влада отвори фронт со криминалот и корупцијата, пораката е испратена, никој не е над законот и Уставот. За ова Премиерот Христијан Мицкоски, има силна подршка од народот без разлика од која вера или националност се. Тие бараат да има правда за сите, а тие што се огрешиле кривични, затвор и конфискација на нечесно стекнатиот имот.

Македонија ќе оди напред затоа што веќе ги нема политичарите од СДС и ДУИ кои ја ограбија државата.

Само со ваква политика, Владата на чело со Премиерот Христијан Мицкоски може да го врати достоинството и сите граѓани во  Македонија да бидат горди!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top