На прво место

Од Бугарите во Уставот и Македонија нема реформи до гласот на дијаспората

Со месеци тврдеа дека Македонија нема реформи и дека уставните измени се единственото решение, а по позитивните оценки од Европската Унија фокусот го префрлија на гласањето на дијаспората

Во изминатите месеци претседателот на СДС, Венко Филипче, и раководството на партијата речиси секојдневно ја сведуваа политичката дебата на две теми – внесувањето на Бугарите во Уставот и тврдењата дека Македонија не ги спроведува реформите потребни за напредок кон Европската Унија.

Според нивните настапи, уставните измени беа претставувани како неизбежен и единствен услов за продолжување на европските интеграции, иако од македонска страна постојано се укажуваше дека за таков чекор нема јасни гаранции дека ќе претставува последно барање на патот кон членството во Европската Унија.

Напротив, во јавноста сè почесто се отвораше прашањето дали по евентуалните уставни измени би следувале и нови условувања поврзани со историјата, идентитетот и македонскиот јазик.

Во исто време, СДС тврдеше дека Македонија нема реформски капацитет и дека Владата ја оддалечува државата од Европската Унија.

Меѓутоа, во меѓувреме од Брисел пристигнаа поинакви пораки. Европската комисија ја вброи Македонија меѓу трите земји од Западен Балкан што покажале најголем напредок во спроведувањето на реформите во рамките на Планот за раст, поради што се очекува да добијат и дополнителна финансиска поддршка.

Оваа оценка е во директна спротивност со тврдењата на СДС дека Македонија не спроведува реформи и дека државата стагнира.

По позитивните оценки од Европската Унија, темите што со месеци беа во прв план – уставните измени и наводниот недостаток на реформи – речиси исчезнаа од политичката реторика на СДС. Наместо нив, фокусот се префрли на измените на Изборниот законик и правото на глас на македонската дијаспора.

Наместо повторно да се отвора прашањето за уставните измени или за реформите, денес главните критики се насочени кон предлозите што треба да им овозможат на македонските државјани кои живеат во странство полесно да го остварат своето уставно право на глас.

Премиерот Христијан Мицкоски јавно порача дека е подготвен да се разговара за модел што ќе го олесни гласањето на дијаспората, без разлика дали тоа ќе биде преку електронско гласање, гласање по пошта или преку друго решение што успешно функционира во демократските држави.

„Еве јас кажувам јавно, дајте да најдеме начин како да го зголемиме гласањето на дијаспората. Не е важно дали тоа ќе биде електронско или со писма, дајте да најдеме начин, да најдеме пракса во светот, како им успеале на тие луѓе да им овозможиме правото на гласање да го остварат на поедноставен начин“, изјави Мицкоски.

Со оваа порака Владата предлага разговор за решение што ќе овозможи поголемо учество на македонските државјани во изборниот процес, без разлика каде живеат.

Останува прашањето дали СДС ќе прифати разговор за модел што ќе го прошири демократското право на глас или ќе продолжи да се спротивставува на иницијативите што имаат цел да ја зголемат вклученоста на македонската дијаспора.

Истовремено, се наметнува политичката дилема дали промената на темите – од Бугарите во Уставот и реформите кон гласањето на дијаспората – претставува обид да се избегне дебатата по позитивните оценки што Македонија ги добива за спроведените реформи и за напредокот во рамките на европскиот План за раст.

Најново од: На прво место

Новите македонски банкноти во 1996 г.– книжни амбасадори на културното наследство на Македонија

На 6 септември 1996 година во Народната банка на Република Македонија биле промовирани шест нови македонски банкноти. Два дена подоцна, на Денот на независноста, тие биле пуштени во оптек, претставувајќи нова страница во монетарната историја на самостојна Македонија. Новата серија македонски банкноти била промовирана на 6 септември 1996 година, а во оптек била пуштена на […]

Македонски историски, културен и црковен календар: 4 септември

1933 – Во Софија излегол првиот број на весникот „Македонска правда“ „Македонска правда“ бил весник на македонската емиграција во Бугарија, преку кој биле разгледувани прашања поврзани со положбата на Македонија, македонското ослободително движење и идејата за создавање балканска федерација. 1944 – Загинал Методија Шаторов-Шарло На 4 септември 1944 година, во сè уште недоволно разјаснети околности […]

Во Софија излегол првиот број на весникот „Македонска правда“

На 4 септември 1933 година во Софија излегол првиот број на „Македонска правда“ – неделен весник на македонската емиграција во Бугарија, кој ги застапувал македонските национални, политички и културни интереси. Весникот „Македонска правда“ се појавил во еден од најтешките периоди за Македонија и македонскиот народ. Земјата била поделена меѓу соседните држави, а Македонците биле изложени […]

Методија Шаторов-Шарло – македонскиот деец чија смрт остана обвиена со тајна

На 4 септември 1944 година, во битката кај Милеви Скали, во близина на Пазарџик, загинал Методија Шаторов-Шарло – македонски комунист, антифашист и национален деец. Иако официјално било соопштено дека бил погоден од непријателски оган, околностите на неговата смрт никогаш не биле целосно разјаснети. Методија Шаторов-Шарло е роден на 10 јануари 1897 година во Прилеп. Уште […]

Да не згасне споменот за децата прогонети од Егејска Македонија

На 23 септември во 18.30 часот, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, ќе се одржи културно-меморијалната манифестација „Патување кон корените“, посветена на трагичните судбини на децата прогонети од Егејскиот дел на Македонија. Во рамките на манифестацијата ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски – […]

Обновата на Македонија е заедничка задача

Премиерот Христијан Мицкоски упати повик за поголема општествена и граѓанска одговорност, истакнувајќи дека напредокот на државата не зависи само од Владата и институциите, туку и од однесувањето и придонесот на секој поединец. Македонија за релативно краток период успеа да се придвижи напред и од клекната, распадната и ограбена држава да стане подобро место за живеење, […]

Аферата „Мис Стон“ – настанот што го сврте вниманието на светот кон Македонија

На 3 септември 1901 година четите на Јане Сандански, Христо Чернопеев и Крсто Асенов ја заробиле американската мисионерка Елен Стон. Шестмесечната заложничка драма, позната како аферата „Мис Стон“, одекнала низ Европа и Америка и го изнела македонското ослободително дело пред светската јавност. На 3 септември 1901 година, односно на 21 август според стариот календар, во […]

Македонски историски календар: 3 септември

На 3 септември 1900 година во Струга е роден Ристо Крле – македонски драмски писател и еден од основоположниците на македонската драмска уметност меѓу двете светски војни. Потекнувал од сиромашно семејство на чевларски мајстор, а неговото образование било често прекинувано поради тешките животни околности. Бил член на аматерската театарска група „Црн Дрим“, каде што се […]

To top