РСВР на СРМ – СДБ Скопје
Испостава – Гевгелија
[редактирано]
Чукано во 2 прим.
Доставено до 2 и 4 сек.
Евид. бр. 233
СЛУЖБЕНА БЕЛЕШКА
[редактирано]
На 30.10.1983 година по барање на [редактирано], времено вработена во Западен Берлин, обавив разговор и од разговорот произлезе следното.
[редактирано] во Зап. Берлин работела од 1973 г. во фабриката за сијалици „Осрам“. До 1982 г. се запознала со Белчев Ванчо, кој бил времено вработен во Западен Берлин, а со кој покасно намеравала да склучи брак. Поради недоразбирање односите им се пореметиле така да Ванчо после март оваа година почнал да ја избегнува, криејќи се низ Берлин.
Неколку пати [редактирано] го забележала како седи во кафеаната „Ново Скопје“, сопственост на Гојко Јаковлески (предмет на обработка на II сектор Скопје). Ванчо бил во контакт и со некој Мане – најверојатно брат на Гојко (исто така предмет на нашиот сектор).
[редактирано] конкретно не информира за активноста на Гојко, Мане и Ванчо, додаде дека во оваа кафеана се собирале повеќе наши работници кои се занимавале со недозволени активности, тука се собирале и разни емигранти од различни националности, меѓутоа Костадинка конкретности не изнесе.
Во кафеаната „Ново Скопје“ Ванчо одел со Иван Чукељ, Хрват, кој имал приватен пипачки дуќан, потоа Киро и Лазо, наводно од нашето подрачје, не успеавме да ги идентификуваме, некој Ицо и Добрила од Тетово. Ицо имал брат [нечитливо], држел приватна кафеана во Грац и други лица, а наводно сите споменати имале непристојно држење во СРГ и се занимавале со недозволена трговија.
Најпосле [редактирано] изјави дека Ванчо со измама ѝ зел 23.000 ДМ, и дека парите ги носел во швајцарската банка на чување. Некој месец заеднички на лото добиле 150.000 ДМ, кои Ванчо ги чувал во швајцарската банка.
-2-
ОПЕРАТИВЕН КОМЕНТАР:
И покрај тоа што сознанијата што ги кажа [редактирано] не се проверени и што не можам целосно да ѝ верувам, сепак ја оформувам службената белешка поради бројните контакти на Ванчо со Гојко и Мане Јаковлески кои се предмети на СДБ II сектор.
Бидејќи Ванчо се наоѓа во земјата, моментално борави во Скопје кај сестрата Катра, планирам по неговото доаѓање од Смоквица да обавам поширок разговор со цел утврдување на карактерот на неговите контакти со Гојко, идентификација на Киро и Лазо, а за неговото непристојно држење во СР Германија и предупредување.
На [редактирано] е сугерирано своето право да го оствари преку судот, а заради поконкретни сознанија за активноста на Гојко, а и по договор [редактирано], упатена на разговор во Скопје.
Забелешка за архивска објава
Ова е оперативен коментар на службеното лице што го составило документот и претставува службена проценка од тој период. Наводите во него се дел од архивски материјал и не треба да се толкуваат како утврдени факти, туку како содржина на тогашна службена белешка.

