Коментари

Пензионерите веруваат и даваат поддршка на политиките на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски

Kopie

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Згоемувањето на пензиите ги расположи пензионерите

Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски го исполни предизборното ветување за пензионерите. Тие конечно го добија првиот дел од ветеното зголемување на пензиите, а осто така се зголеми и позитивната листа на лекови.

Зголемените пензии и намалените трошоци за лекови ги расположи пензионерите бидејќи им овозможи на лицата со ниски пензии полесно да го минат месецот. Но тоа е само почеток, бидејќи веќе идната година во март следува ново исто такво покачување на пензиите.

Македнија е социјална држава и пензискиот систем не функционира како економски, туку врз социјално-солидарен концепт. Тоа значи и правична распределба на средствата кои треба да овозможат достоен живот за секој пензионер.

Оттука, да не беа касите испразнети од СДС и ДУИ, сигурно уште оваа година со септемвриската пензија, пензионерите ќе добиеја зголемување од 5000 денари. Меѓутоа, со ребалансот на буџетот, Владата успеа да обезбеди со септемвриската пензија пензионерите да добијат линеарно зголемување од 2500 денари, а веќе на почетокот на идната година, со мартовската пензија ќе следуваат уште 2500 денари, што е еднакво на ветените 5000 денари.

По мартовското зголемување, во септември идната година пензиите треба да се усогласат со трошоците за живот по старо. Се сметта дека тогаш септемврискиата пензија би била зголемена за околу 4%, што значи само продолжување на зголемување на разликите од најниската до највисоката пензија.

Затоа Владата треба да размисли да се намалат разликите меѓу најниската и највисоката пензија. Односно, наместо процентуално, да се продолжи со линеарното зголемување на пензиите, но и да се одреди најниската пензија, како што има и најниска плата.

Најниската пензија треба да им овозможи подобрување на животниот стандард на пензионерите, да имаат доволно средства за плакање на режиските трошоци, храна, лекови и по некој денар за да ги израдуваат нивните внучиња.

Со оглед на секојдневните поскапувања на прехранбените продукти, пензионерите се задоволни од мерките кои ги превзеде оваа Влада. На тој начин, особено пензионерите со најниски пензии, ќе можат полесно да се справат со секојдневните трошоци.

Тоа што Владата го вети, тоа и го исполнува. Едноставно, оваа власт предводена од премиерот Мицковски не ветува нешто што неможе да го исполни, па дури и кога се во прашање евроинтеграциите.

Иако, Албанија се одвои и ги започна преговорите за ЕУ, а Македонија закочена од страна на „браќата“ бугари сеуште чека, Владата не попушта под притисоците за влез на Бугарите во Уставот. Причината е едноставна, бидејќи кој гарантура дека Бугарија, која не признава македонски народ и македонски јазик,  по шест месеци нема да најде друга причина да стави вето на патот на земјата кон ЕУ.

Ако Бугарија, како земја членка на ЕУ не ги спроведува 14 пресуди на судот во Стразбур за  прекршување на правата на Македонците во Бугарија, како тогаш да му се верува на источниот сосед и кој ќе гарантира дека со влезот на Бугарите во Уставот ќе заврши голготата на македонскиот народ. Софија дури не сака да чуе за влез на Бугарите во уставот со одложено дејство. Промените да се изгласаат сега, а да стапат на сила во моментот кога земјата ќе влезе во ЕУ. На тој начин Македонија ќе се заштити од нови уценувања.

Македонската Влада е посветена да изнајде нови решенија, како за влез во ЕУ, така и за подобрување на животот на македонските граѓани. Нејзината упорност и исполнителност ветуваат дека тоа ќе се случи. Порано или подоцна, многу од проблемите ќе бидат решени, како што се најде и решенија за пензионерите. А Пензионерите веруваат и даваат поддршка на политиките на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top