На прво место

Како Левица сега „откри“ дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи Изборниот законик?

Последните изјави на Левица отворија нови дилеми околу причините поради кои сè уште не е донесен новиот Изборен законик. На прес-конференција пратеникот Амар Мециновиќ оцени дека „постои долгогодишен политички договор меѓу најголемите партии за да се зачува постојниот изборен модел“, притоа тврдејќи дека и ВМРО-ДПМНЕ го кочи процесот.

Според објаснувањето на пратеникот Антонијо Милошоски, првичниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ бил средствата да се распределуваат според бројот на пратеници како објективен критериум. Потоа, свои предлози доставиле ДУИ и Левица, по што бил изграден компромисен модел што бил прифатен од останатите партии.

Според тој компромис: 42 проценти од средствата би им припаднале на двете најголеми партии од власта, 42 проценти на двете најголеми партии од опозицијата, 8 проценти на партиите што имаат пратенички групи, но не се меѓу четирите најголеми, 5 проценти на партиите без пратенички групи, а 3 проценти на вонпарламентарните партии и групите избирачи.

Значи, ако компромисот бил постигнат, а предлозите на Левица биле земени предвид, тогаш тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира Изборниот законик звучи како обид да се замагли вистинската причина за застојот.

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ јасно соопшти дека е подготвена да разговара за сите решенија што ќе придонесат за подобар, поправеден и поефикасен изборен процес. Но, истовремено останува на ставот дека македонските државјани кои живеат во странство да добијат право полесно да го остварат своето демократско право на глас, вклучително и преку електронско гласање на претседателските избори.

Токму тука почнува политичката нервоза кај СДС и Левица.

Ако досега со години ја туркаа темата за внесување на Бугарите во Уставот без јасни и цврсти гаранции за Македонија, тезата дека нема реформи во Македонија, сега истиот модел на кочење го префрлија врз Изборниот законик.

Кога една политичка партија прво учествува во подготовка на закон, потоа добива прифатени предлози, а на крај обвинува други за блокада, тогаш зад целата приказна стои нешто друго.

А тоа „друго“ денес изгледа сè појасно: страв од избори, страв од волјата на народот.

Последните анкети покажуваат убедлива предност на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, што дополнително ја засилува дилемата дали стравот од изборен пораз сега се претвора во страв од секој дополнителен глас. Особено ако тој глас доаѓа од македонската дијаспора, која историски, економски и национално има огромен влог во Македонија.

https://mn.mk/na-prvo-mesto/poslednata-anketa-pokazhuva-ubedliva-prednost-na-vmro-dpmne-sdsm-ostanuva-daleku-zad-vodechkata-partija/

Најново од: На прво место

Се одржа 52. Црковно-народен собор во Чикаго

Од 4 до 6 септември 2026 година, за време на празнувањето на Денот на трудот во САД, во Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго, Илиноис, се одржа 52. Црковно-народен собор на Американско-канадската македонска православна епархија. Со богослужбите чиноначалствуваше надлежниот архиереј, митрополитот г. Методиј, во сослужение со бројни свештеници од САД и Канада. […]

Македонците во Австралија со голема љубов прославуваат 35 години од независноста на Македонија

Заедницата во Австралија се смета за една од најдобро организираните во светот, каде што прославите не се само обичен настан, туку чин на национално единство. Големата почит кон македонските национални празници во дијаспората, особено во Австралија, е клучниот столб што ги чува македонскиот идентитет, јазик и култура илјадници километри подалеку од татковината. Манифестациите во дијаспората […]

Митева: Независноста не им припаѓа на институциите и на Владата, туку на граѓаните

По повод 35-годишнината од независноста на Република Македонија, во текот на целиот месец се организираат бројни активности и манифестации, чија цел е прославата да им се доближи на граѓаните и да го зајакне чувството на заедништво и припадност кон државата. Марија Митева, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ […]

Македонија официјално стана дел од Вертикалниот гасен коридор

Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор – една од клучните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас, зајакнување на енергетската безбедност и поврзување на гасните пазари во Југоисточна, Централна и Источна Европа. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Солун го потпиша Меморандумот за соработка, со што Македонија […]

Македонски историски календар: 5 септември

1919 – Роден е Владо Малески, авторот на македонската химна Во Струга е роден Владо Малески, истакнат македонски писател, револуционер, учесник во Народноослободителната борба, новинар, сценарист, дипломат и општествено-политички работник. Малески е автор на текстот на македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“, како и на сценариото за „Фросина“ – првиот македонски игран филм. Бил […]

Новите македонски банкноти во 1996 г.– книжни амбасадори на културното наследство на Македонија

На 6 септември 1996 година во Народната банка на Република Македонија биле промовирани шест нови македонски банкноти. Два дена подоцна, на Денот на независноста, тие биле пуштени во оптек, претставувајќи нова страница во монетарната историја на самостојна Македонија. Новата серија македонски банкноти била промовирана на 6 септември 1996 година, а во оптек била пуштена на […]

Македонски историски, културен и црковен календар: 4 септември

1933 – Во Софија излегол првиот број на весникот „Македонска правда“ „Македонска правда“ бил весник на македонската емиграција во Бугарија, преку кој биле разгледувани прашања поврзани со положбата на Македонија, македонското ослободително движење и идејата за создавање балканска федерација. 1944 – Загинал Методија Шаторов-Шарло На 4 септември 1944 година, во сè уште недоволно разјаснети околности […]

Во Софија излегол првиот број на весникот „Македонска правда“

На 4 септември 1933 година во Софија излегол првиот број на „Македонска правда“ – неделен весник на македонската емиграција во Бугарија, кој ги застапувал македонските национални, политички и културни интереси. Весникот „Македонска правда“ се појавил во еден од најтешките периоди за Македонија и македонскиот народ. Земјата била поделена меѓу соседните држави, а Македонците биле изложени […]

To top