Коментари

ПРИШТИНСКИОТ ДИПЛОМЕЦ, МАРКСИСТ-ЛЕНИНИСТ, ПРАЌА ПИСМА

Martin Trenevski 1

1martin1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министѕер и амбасадор  

  Приштинскиот дипломец, некогашен припадник на движењето марксисти-ленинисти, а веќе дваесетина години лидер на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, се распишува деновиве писма каде стигна, но и на домашни адреси.

  Писменото обраќање не е необична пракса во светот на масовните комуникации (и самиот своевремено му пишував на Роналд Реган на Жак Кусто и други и редовно добивав одговори , најверојатно од нивните секретарки, но сепак ги добивав).

  Претседателот на ДУИ, или како самите членови на партијата сеуште го нарекуваат “команданте”, во неговото последно писание изразува незадоволство од укинувањето на балансерот од Уставниот суд на РМ, со којшто се гарантирале правата на Албанците и другите етнички заедници во државата за рамноправна застапеност во инстируциите на системот. За господинот АА не е доволно најавата од актуелната власт дека прашањето за рамноправна застапеност во иднина ќе се решава со закон, но тој би сакал да си остане по старо кога Македонци се потпишуваа за Албанци, или Албанци како Срби и сл, за да добијат вработување. Резултат на таа пракса беше што во некои институции на управата сегашната власт наследи дури до 90% Албанци, но пријавени како припарнци на други етнички заедници.

  Е, зотми Ахмети, тоа така не ќе може во иднина! Тоа јасно ти го порачува актуелната власт во која како коалиционен партнер е и коалицијата на неколку помали партии на албанците ВРЕДИ! Веќе се работи на изработка на законски решенија со кои ќе се обезбедува застапеноста на малцинствата во администрацијата но никако не како досега.

  Кукавички потег е од лидерот на ДУИ да ја кодоши сопствената држава пред странците со неговите писма нема да остават ама баш никаков ефект кај странците, но одава лош впечаток за самиот АА и неговата партија ДУИ! 

Од седиштето на ДУИ во Мала Речица најавуваат и предлог закон според кој победничката партија во македонскиот кампус, ВМРО-ДПМНЕ, или СДС, во иднина да прави коалиција кај победничката партија во албанскиот кампус!? Види Богати? Така им одговарало на лидерите од Мала Речица – да бидат стално во власта и до Буџетот и да го молзат безмилосно како во изминативе дваесетина години.

  Писанието на ДУИ до странците е истрел во празно бидејки сега не е 1991 година кога направија русвај во државата и тоа благодарејки и на скриената, но и отворена подршка на”странскиот фактор”. Во ситуација кога во Европа се случува невиден воен судир со Руската агресија врз Украина; koга на Блискиот исток се заканува воен судир од невидени размери и кога во Јужнокинеското море само што не дошло до конфликт меѓу две светски супер сили некој да се занимава со Али Ахмети – тоа е потврда дека “командантот” од Зајас е во тешка заблуда и или не ги разбира глобалните движења, или пак со писмата прави уште еден очајнички обид сепак некако да се доближи до власта.

   Али Ахмети му упати писмо и на премиерот Проф. д-р Христијан Мицкоски во кое се насетува и закана во смисол: или прифати (ДУИ во власта) или… Но тоа нема да помине и денес со закани не се доаѓа до власт и АА конечно треба да се помири со тоа дека е и останува во опозиција!

   Одамна ми лежи една помисла за однесувањето на дел од Албанците изминативе неколку децении. Паметам дека уште пред воениот конфликт што го предизвикаа во 1999 година, прстигнуваа гласини дека “следна на ред е Македонија”!? Зошто и како и тоа откако вдомивме над 350.000 Косовари бегајки од насилието на Милошевиќ, не ми е јасно!, но сепак претпоставувам (странски сценарија)? Дури имаше инциденти на границата меѓу Косово и Македонија (неколку наши граничари беа кукавички убиени), но уверен сум дека фамозната “меѓународна заедница” има доволно силни главоболки, а не да се занимава со хировите на Али Ахмети.

  На крајот на краиштата, редно е Македонија да профукционира како нормална држава во која мандатарот, т.е. победникот на изборите, си бира коалициони партнери според изборните програми, а не според мајоритет и слични работи.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top