Македонски легенди

Никола Герасимов (лекар)

3215

3215

Никола Герасимов (1870 – ?) е македонски лекар и револуционер. Од 1904 година бил лекар во педагошкото и свештеничкото училиште во Скопје. Тој постојано ја следел здравствената состојба на стационарите во улога на училишен и интернатски лекар. Герасимов се занимавал и со револуционерна дејност и бил член на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација

Никола Герасимов е роден во градот Тетово. Тој ја завршил Солунска машка гимназија. Потоа го посетувал Медицинскиот факултет во Константинопол. Но, поради обуката која таму не била во тек со модерната медицина, тој заминал да студира медицина во Франција.

Герасимов дипломирал медицина во Нанси во 1900 година. Потоа завршувањето на студиите се вратил во Македонија. Но за да започне приватна пракса морал да полага државен испит во Константинопол. Откако положил, заминал во родното Тетово.

На почетојот на мај 1900 година, скопскиот лекар д-р Владимир Руменов, кој бил осомничен од турските власти како деец на Македонската револуционерна организација, го напуштил Скопје и Герасимов се пријавил за негово место. На крајот на мај 1900 година Герасимов добил дозвола, но неговото назначување било одложено поради различни пречки.

По добивањето на дозволата, Никола Герасимов се населил во Скопје, каде што работел како лекар повеќе од 10 години. Од 1904 година бил лекар во педагошкото и свештеничкото училиште во градот. Таму предавал хигиена и практична (популарна) медицина во повисоките одделенија на двете училишта.

Во улога на училишен и интернатски лекар, Герасимов постојано ја следиел здравствената состојба на стационарите. Покрај нивната состојба, тој ги следел и условите во кои живееле и учеле учениците. На крајот од секоја академска година, тој подготвувал извештаи за резултатите и давал препораки. Во нив, тој инсистирал да се ангажираат и други згради за пансионите и училиштата, бидејќи дотогаш користените биле нехигиенски и непрактични. Поради неговите силно исистирање, наставничкиот совет одлучил да изнајмува нови згради, со што се подобрило здравјето на учениците.

Герасимов се занимавал и со револуционерна дејност. Тој бил член на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top