Коментари

Владата несмее да дозволи неколку криминалци да ја дестабилизираат земјата

Kopie

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Владата предводена од Премиерот Христијан Мицкоски несмее да дозволи неколку криминалци да ја дестабилизираат земјата за да ја спасат својата кожа.

Поединци од сегашната опозиција, се користат со секакви сценарија за да се вратат на власт, па и по цена на дестабилизација на земјата само за да избегнат одговорност.

Настаните на славењето на Денот на албанското знаме, кога само поради професионалноста на полицијата е избегнат судир со масата, потврдува  во каков очај се наоѓа опозицијата.

Зарем СДС и ДУИ мислат дека можат повторно да го повлечат народот во некаква нова шарена револуција? Зарем мислат дека народот заборавил на штетите кои ги направија во последните седум години додека беа на власт? Зарем мислат дека народот ќе заборави на катастрофалните грешки кои ги направија на економски и национален план, на понижувањата кои им ги приредија на македонскиот народ и држава?

Додека СДС и ДУИ за време на своето владеење гледаа за својот бизнис интерес, денес коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ работи во интерес на граѓаните и државата. Времето на предавста заради лични интереси заврши. Тоа на опозицијата многу им смета и прават секакви напори да ја девалвираат власта.

Неаргументираните напади кон премиерот Мицковски се секојдневни. Дури се смешни нивните обиди да ја критикуваат и обвинат сегашната власт за работи кои се последици од нивното претходно владеење.

Народот гледа и памети за однесувањето на челниците на СДС и ДУИ. Поради ваквото однесување СДС и ДУИ се на пат да исчезнат како партии, да станат соросоидни здруженија на граѓани. Фокусот на народот сега е насочен кон оние партии кои не само што ветуваат туку и остваруваат во интерес на граѓаните и државата.

Воопшто не е едноставно да управуваш, кога сите сегменти од општествениот живот се еродирани. Сепак, разликите помеѓу владеењето на коалиционата власт ВМРО ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ и претходната Влада предводена од коалицијата СДС и ДУИ е неспоредлива.

Во седумгодишното недомаќинско и криминално владеење на СДС и ДУИ беа најмногу ангажирани за да го сменат името и идентитетот на македонскиот народ, како и да си ги наполнат бисагите, со што ја доведоа македонската држава на работ на амбисот. 

За нецели шест месеци реализираните работи укажуваат дека оваа влада и покрај сите потешкотии, ќе продолжи да работи во интерес на државата и народот, а не на поединци.

Сепак на Македонија и е потребна опозиција како коректор на власта.

На Македонија и е потребна опозиција која е спремна да соработува со актуелната власт по виталните национални и државни интереси и кои би дале свој придонес да се забрза почетокот за преговори со ЕУ, без распродажба на националните интереи и би помогнале да се спречи одливот на мозоци од државата.

На Македонија и е потребна опозиција која ќе помогне да се направи Македонија успешна и економски силна, која ќе помага да се спречи иселувањето на нашите синови, ќерки и внуци,  опозиција која сака да ја види Македонија горда и силна.

Коалцијата предводена од ВМРО ДПМНЕ ја подава својата рака и бара поддршка со цел што побргу да се реализира ветеното, Македонија да биде повторно горда.

Затоа е потребно опозициските партии да се прочистат од корумпираните и криминални поединци и конечно да престанат со нивните обиди за дестабилизација на државата. Кај СДС ништо не се промени па дури и сега, новото раководство е само продолжена рака на  Заев, а за промени во редовите на ДУИ нема ниту збор.

Одговорноста е нивна да изберат што е најдобро, не само за нив туку и за Македонија.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top