Коментари

ЧЕСТИТ БОЖИЌ И СРЕЌНА НОВА 2025 ГОДИНА

Martin Trenevski 1

1martin1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

1. На сите што го слават Христовото раѓање – Божиќ според Грегоријанскиот календар и на верниците од православна вера што го слават Божиќ по Јулијанскиот календар на 6 јануари, им го честитам големиот христијански празник Божиќ и им ја честитам НОВАТА 2025 ГОДИНА со најубави желби за добро здравје, мир и бериќет!

2. Годинава што е на заминување ќе ја паметиме по триумфалната победа на  ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија над злосторната СДС и нејзината криминална коалициона партија ДУИ кои материјално ја опустошија во буквална смисла земјата и и нанесоа толку многу зло што ќе треба децении да се корегираат работите во интерес на македонските граѓани.

Но народот/граѓаните си го кажаа своето на мајските избори кога коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ВЛЕН/Вреди/ и останатите помали партии во тој сојуз остварија триумфална победа, а самата ВМРО-ДПМНЕ освои  58 пратенички места (од вкупно 120) во македонското Собрание.

  Можеме да бидеме презадоволни како граѓани за оваа промена на политичката карта на Македонија со одлучната и непоколеблива политика на Владата на Христијан Мицкоки пред се и над се во интерес на граѓаните на Македонија. Познато правило е дека: ако не се цениш себе си, немој да очекуваш да те ценат други! Премиерот Христијан Мицкоски им покажа на сите – дома, но и ширум светот, дека неговата влада нема да крши кичма како што го правеа тоа Муртинци и Таче, т.е. Заев и Ковачевски, и дека нема да попушти под садистичките притисоци за промена на Уставот за да сме ги вметнеле во преамбулата на Уставот на РМ една рака Бугари.

Мицкоски јасно им стави до знаење на “меѓународните” дека инсистираме на гаранции дека Бугарија своите билатерални фрустрации нема и понатаму да ги експонира дури ако ги ставиме бугарите во преамбулата на Уставот. Самото признание на Бојко Борисов дека “меѓународната” расправат за македонските позиции но без присуство на Бугарија, јасно кажува дека постои раздвижување и разбирање за македонските позиции што ги презентира во прв план Премиерот Мицкоски, но и Министерот на МНР Муцунски.

  Иако Европа, но и светот пошироко се соочуваат со длабока економска криза, мерките што ги превзема владата веќе даваат резултати за првите шест месеци на власт и предвидувањата се дека прогнозите за раст на економијата во 2025 година се многу ветувачки.

3. Опозиционата Демократста Унија за Интеграција /ДУИ/ од кога тресна на земја по ставањето на амриканската “Црна листа” на нејзиниот идеолог и главен оперативец Артан Груби, како да се созеде од шокот и повторно прозвуче со закани да не се усвоиле предлозите за измени во Законот за јазиците на што инсистира и меѓународниот фактор. ДУИ како да забораваат дека веќе не сме 2001 кога вршљаа по Македонија и нанесоа толку многу зло. А ни меѓународниот фактор не ги подржува веќе како пред 24 години и освем тоа заложбите на актуелната влада за владеење на правото и борба против криминалот се нашироко подржани од САД, ЕУ и  други, што значи заканите на Али Ахмети дека неговата ДУИ е “ураган” се истрел во празно, но за секој случај надлежните за ред и мир во земјата се подготвени да спречат било какви беззаконија.

Впрочем и членството на Македонија во НАТО е своевидна гаранција за мирот во земјата. Така стојат работите зотми Ахмети.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top