Коментари

Угнетување на Македонците од Воден, Ριζοσπάστης, 6.VI.1943

svekrva

svekrva
Свекрва

Комунистичката партија на Грција (КПГ) е всушност најстарата и најактивната партија на Грција до денешен ден. Основана на 4 ноември 1918 година од страна на солунскиот Евреин Аврам Бенароја, под името Социјалистичка работничка партија  на Грција. Во 1920 година оваа партија се преименува во Социјалистичка работничка партија на Грција – комунисти,  а во 1924 година го добива денешното име Комунистичка партија на Грција. Уште од своето формирање партијата се бори за правата на работните маси, и е единствена партија во Грција која застанува во одбрана на правата на етничките малцинства. КПГ тесно соработува со илегалната национално револуционерната организација ВМРО (Обединета) на Димитар Влахов.

Весникот „Рисоспастис“  кој е официјален печатен орган на КПГ, целосно ќе се стави на страната на македонскиот народ во Егејска Македонија.  За грчките комунисти нема никакви дилеми околу македонскиот национален идентитет и за нив Македонците не се ниту Грци, ниту Бугари, ниту Срби. Исто така за нив сите оние кои тврдат дека во Егејска Македонија живее бугарско или, пак, во Пиринска Македонија грчко малцинство се во заблуда.

Според пишувањата на новинарите на „Рисоспастис“, во Македонија под Бугарија, Грција и Србија,  не постојат ниту Грци, ниту Бугари ниту Срби. Постојат само Македонци. Доволна е само да се посетат местата и планините на Егејска Македонија за да се сфати тоа. Тој одговор го добиваат од обичаите и природата, кои воопшто не се грчки, ниту бугарски, ниту српски. Македонскиот народ и покрај сите удари, и покрај сето угнетување, си ја сочувал својата посебна култура.

За КПГ и нејзиниот печатен орган „Рисоспастис“, правото на Македонците од Егејска Македонија на самоопределување, на користење на мајчин јазик и други културни права е неприкосновено. Тргнувајќи од тоа дека секој народ има право на самопределување КПГ потпишува Декларација со која се подржува идејата за создавање на независна Република Македонија, обединета во нејзините етнички и географски граници. Сепак во 1935 година ја истакнува потребата од заменување на паролата за обединета и независна Македонија со паролата за „полна равноправност на малцинствата“  објаснувајќи дека се променети условите во Северна Грција каде Македонците веќе не биле доминантно население.

Весникот „Рисоспастис“ од овој период е полн со писма од македонското население  кои се жалат на неправдата кои им ја нанесуваат грчките власти, како и написи во кои грчките новинари застануваат во одбрана на македонскиот народ од Егејска Македонија.

Дописникот од Воден, потпишан како Македонец, во текстот објавен под наслов „Угнетување на Македонците од Воден“, од 6 јуни 1943 година („Ριζοσπάστης“, ар. 89(7026), 10. VI1934, ст. 3.) ќе напише:

„Воден. – Овде во Воден и во нашата околија, во срцето на Македонија, овде каде што ние Македонците не знаеме друг јазик освен нашиот македонски, разните органи на грчкиот капитализам не принудуваат да зборуваме на грчки јазик, а да не го зборуваме нашиот јазик. Следствено, ни се закануваат секојдневно дека ќе не пратат во Бугарија, не нарекуваат комитаџии, на многумина им ги одземаат нивјето што од многу години ги натопуваме со наша пот за суво парче леб. Освен тоа, не лишуваат од слободата што ја добиле нашите татковци по долгогодишна борба, гинејќи за ослободувањето на Македонија. Живееме под јаремот на грчкиот капитализам буквално како робје.

Во основните училишта секојдневно се тепаат малите деца кои го зборуваат својот јазик. А посебно овде, во Воден, крвникот и фашист Георгијадис ги претепува децата ако тие прозборат македонски, или ако ги обложат своите тетратки со црвена хартија или ако употребат црвено мастило или боја.

Друго пак „јуначиште”, антикомунист и прогонувач на Македонците е потпоручникот Тагарис, кој веќе не знае како да го клевети комунизмот во нашата околија, та зборува разни глупости, дека не сме комунисти туку Бугари, комитаџии итн…

Пред малку време беа затворени неколку другари Македонци, тој им се закануваше дека нема да поминат добро ако не престанат да ја будат младината. Заедно со нив беа затворени и други другари просфиги90 на кои им велат дека месните луѓе91 се Бугари и комитаџии.

На тие органи на капитализмот Македонците им изјавуваат дека ништо не може да ги уплаши и дека ќе ја продолжат својата борба се додека не остварат полно свое ослободување.“

Ова е само еден напис од многуте во весникот „Рисоспастис“, за грчката геноцидна политика врз македонскиот народ. Денес кога Грците се обидуваат да негираат македонскиот народ и јазик, доволно е само да ги прелистаат стариот броеви на грчки „комуњарски“ (социјалистички) весник „Рисоспастис“, и можеби ќе им биде појасно, ако веќе заборавиле кои се вистинските Македонци.

Можеби денес како демократи како што тврдат дека се, дека се колевка на демократијата, ќе бидат доблесни и ќе изнајдат сили да им се извинат на нивните сограѓани и нивните северни комшии за сите злосторства што им ги нанеле. Доколку несакаат тоа да го направат и продолжат со уцените и негирањето, казната сама доаѓа.

Како што вели нашиот народ: „Кога, тоагаш, казната ќе те стигне. Нема бегање!!?“

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top