Коментари

„Македонска нација“ отворено за вистината на Македонија

Tihomir Karanfilov-001

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Тихомир Каранфилов

„За да можеме да ја разбереме сегашноста и да можеме да создадеме подобри иднина за нашите поколенија, потребно е да ги откриеме корените во минатото. Кои сме? Од каде доаѓаме? Што ни оставиле како наследство нашите предци? Што сме направиле да го сочуваме тоа наследство и што ние ќе им оставиме на нашите потомци откако ќе го напуштиме овој свет?

Многу прашања што бараат одговор и многу прашања за кои не смееме да престанеме да бараме одговор додека не го најдеме. А тогаш кога скриеното ќе биде откриено, ќе воскресне сета духовна моќ, сето битие на еден народ, сето знајно и незнајно, создадено и несоздадено кое е содржано во само едно име, името на Македонија. Тогаш ќе се растрепериме, ќе се восхитиме и со право нема да почуствуваме од смрта и да исчезнеме како народ.

Тогаш ќе зазвонат сите ѕвона и ќе ја објават веста дека народот распнат на четири страни, е вистински Господар на се` и дека му е дадена власт на небесата и земјата. Тогаш ангелите ќе ја пренесат веста насекаде во светот, а правдољупците ќе се радуваат и грешните ќе се плашат“.

Некогаш „ангелите“ (гласниците), денес печатените и електронските медиуми ги пренесуваат информациите. Околу 90% од сите информации денес доаѓаат преку медиумите, кои со „светлосна брзина“ го обиколуваат светот. Медиумите имаат своја верна публика, која што се разликува од медиум до медиум. Сите заедници, без разлика дали се мнозинство или малцинство, создадени се од различни групи. Тие се разликуваат по етничко потекло, возраст, пол, вероисповест, социјалниот статус, образование и професии, партиско определување, како и по нивните интереси. Тоа се таканаречените целни групи, до кои медиумите треба да допрат.

За да се допре до сите овие групи потребно е да се создаде здрав медиум, со здрава уредувачка политика и со вистински одбрани новинари, кои со својот стил на пренесување на информацијата ќе ја стекнат довербата на обичниот читател, интерактивно ќе соработуваат и ќе ги надминат тесните интереси на групите. Тоа треба да биде медиум кој ќе ја пласира вистината заснована на факти и информации кои ќе ги обединат а не да ги разделуваат заедниците.Тоа треба да биде медиум кој ќе ги обедини, ќе ги штити и ќе ги задоволи нивните потреби за информации во еден зеднички национален интерес, а тогаш тие стануваат национален медиум.

Обично се вели дека националните медиуми се „тврди“ или „обоени“, за разлика од „меките“ локални медиуми. Дека не е тоа така, покажа „Македонска нација“, електронски портал кој од своето постоење ја стекна довербата кај сите целни групи. Денес на facebоok „Македонска нација“ има над 25.000 обожаватели од сите целни рупи, не само дома, туку од сите страни на светот Доколку пресметаме дека преку социјалната мрежа, текстовите објавени на овој портал, се пренесуваат со геометриска прогресија и доколку ги додадеме оние кои не не` сакаат, а заради вистините кои се објавуваат мораат да не читаат, тогаш бројот на читателската публика го надминува не само тиражот на домашниот печатен медиум туку и бројот на гледачите на голем број електронски медиуми меѓу кои и тв медиумот.

Како водечки веб портал, со илјадници текстови кои се објавени и поткрепени со факти, „Македонска нација“ ја открива вистината и ја менува перцепцијата на македонскиот народ за својата историска улога и го прави горд за своето историско минато. Со својата содржина „Македонска нација“ го негува позитивниот патриотизам, ги потенцира и сплотува заедниците со кои заедно се бореле за самостојност на македонскиот народ и за национална држава, во која сите заедно ќе ги чуствуваат благодетите на сувереноста и ќе градат подобра иднина, и истовремено создава идни поколенија ( „витези на новото време“), кои ќе се вклучат во одбрана на името и идентитетот на македонскиот народ.

Денес „Македонска нација“, според содржините може да се нарече „Encикlopedia Maкedoniкa“, која откривајќи го минатото, ја објаснува сегашноста, но и дава насоки за иднината. Таа е вистинска учителка на животот (Historia est Magistra Vita). Во овие содржини ќе сретнете за вистинската улога на древните херои кои не само што ги обединувале Македонците туку ги обединувале и народите.

За жал денес вистина некому смета, Многумина се плашат да го отворат македонското прашање. Не случајни се критиките и заканите, па дури и со физичка ликвидација, кога се отвараат прашања кои се поврзани со името Македонија и македонската нација.  Не  случајно денес, некогашните македонски херои, преку ноќ за некои медиуми станаа антихерои.

Македонија е папокот на светот, копчата на светот (Catena Mundi). Според родословното колено од Библијата, наследниците на Јапет, Јаван и Китим, од овие простори започна да ја шират светската цивилизација. Според Библијата во првата книга на Макавеите, Александар Македонски излезе од земјата Китим, а Кирил и Методиј своето родословно стебло го поврзува со Јапет.

Дали има тука нешто од што треба да се срамиме или да преќутиме. Нема, па затоа „Македонска нација“ и покрај сите опструкции ќе продолжи со барањето на вистината за народот од Македонија, за правата вистината кој тоа го создаде пеколот во рајот на библиската земја, земјата на олтари и светињи.

Кога ќе ја откриеме вистината, кога ќе ги одговориме прашањата што ни ги оставиле како наследство и аманет нашите предци, и кога ќе направиме се за да го исполниме аманетот и да им оставиме наследство за нашите деца со насоки како да го насочуваат и негуваат, тогаш можеме да кажеме дека сме ја исполниле целта и задачите. Тоа не е ни малку лесно, ниту може да се направи за еден човечки живот. За тоа се новите генерации на кого преку „Македонска нација“ им го оставаме аманетот:

„Македонија е една и единствена наша мајка земја.

Македонија е вечна, а ние сме минливи.

За неа животот го положиле генерации и генерации  наши предци.

Вие помладите, како нејзини синови и ќерки, на вас е редот да го продолжите аманетот на нашите стари и да го пренесете на вашите деца.

Без разлика на цената, да ја сочувате земјата, нејзиното име и вашиот македонски идентитет.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top