Македонски легенди

Петре Богданов – Кочко

Kocko

Kocko

Петре Богданов – Кочко (12. III 1913 – 22. II 1988) е македонски композитор, оперски пејач (тенор), учесник во НОБ. По Ослободувањето е еден од петтемина први организатори на музичкиот живот во Македонија. Најголем придонес има во основањето на Операта на МНТ, а вршел и други општествени функции.

Петре Богданов – Кочко е роден на 12 март 1913 година во Скопје. По матурирањето во родниот град, студирал на белградскиот филозовски факултет и напоредно слуша музички предавања, оформувајќи се како композитор и како соло пејач. Во 1938 година го завршил наставничкиот отсек на музичкото училиште.

Во Белград се вклучил во напредното студентско движење, каде се задоил со револуционерни и слободарски идеи. Тоа го води младиот музички уметник во редовите на НОБ уште од првите денови на борбата за слобода.

За време на Втората светска војна Кочко бил во Одделот за агитациона пропаганда при ГШ на НОВ и ПОМ. Во периодот септември-декември 1943 година, тој бил одговорен за организирање на првите училишта на македонски јазик. Во 1944 година, бил испратен во Егејска Македонија за да ги координира акциите на локалните партизани од Егејска Македонија со грчкото движење на отпорот. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ.

По Ослободувањето, Кочко имал бројни уметнички и општествено-политички задолженија. Тој е еден од петтемина први организатори на музичкиот живот во земјата. Тој бил директор на Средната музичка школа и главен музички уредник на Радио Скопје, потоа основач и солист на Операта и нејзин директор од 1957 до 1962 година. Кочко бил и еден од основачите на Здружението на композиторите на Македонија и неколкупати негов претседател.

.Композиторскиот опус на Петре Богданов – Кочко опфаќа бројни вокални – инструментални, хорски и камерни творби, соло песни и музика за деца, маршеви и масовни песни. Меѓу хорските творби се истакнуваат „Бригадата иде“, „Мајка Угра“, „Љубов“, „Непокорени“, „Везилка“ и „Тажачка“. Кај забележливите соло песни се потсетуваме на насловите „Ранета птица“, „1903“, „Тага за југ“, „Трепет“ и „Јужна рапсодија“. Неговиот опус од над стотина композиции од најразличен вид е вграден во македонската музичка култура.  

Кочко има голем придонес во основањето на Операта на МНТ. Заедно со другите основачи на Операта на МНТ, Кочко директно учествувал во подготвувањето и изведувањето на првата оперска престава во МНТ на 9 мај 1947 година – „Кавалерија рустикана“. Тој во подготовките бил хор мајстор, заедно со Тодор Скаловски и Стефан Гајдов, а на премиерата толкувач на главната улога Туриду. Во трајно сеќавање останале и неговите ликови на Алфред во „Трафијата“, Канио во „Палјачи“, Марио Каварадоси во „Тоска“, Родолфо во „Боеми“, Дон Хосе во „Кармен“ и Јеник во „Продадена невеста“.

Кочко својот допринос бил  наградуван повеќекратно. Исто така тој е носите на Партизанска споменица 1941, како и на други бројни високи одликувања.

Петре Богданов – Кочко починал на 22 фебруар 1988 во Скопје.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top