Коментари

Грчката колонизација на Егејска Македонија (1912–1953) (Прв дел)

701 copy

701 copy copy copy copy copy copy

Бришење на идентитетот, присвојување на земјата и изгонување на народот

Кога се зборува за големите историски неправди врз македонскиот народ, една тивка, но длабоко болна вистина секогаш стои во сенка – грчката колонизација на Егејска Македонија. Ова не беше само територијална окупација, ова беше систематски обид за бришње на еден народ, еден јазик, една култура од картата на Балканот.

egej

Почетокот на окупацијата (1912–1913): Промената што донесе темнина

Со крајот на Првата Балканска војна во 1912 година, Грција окупира огромен дел од територијата на географска Македонија, денес позната како Егејска Македонија. Првото што го прави новата власт е насилно воведување на грчкиот јазик, симболи и администрација, и почеток на систематско прогонство на македонското население.

Во 1913 година, со Букурешкиот договор, се легализира неправдата, Македонија е поделена, а македонскиот народ е распарчен. Она што следи во Грција е планско уништување на македонскиот идентитет.

Забрана на македонскиот јазик и црква

Секоја форма на македонски израз, збор, песна, молитва беше забранета. Црковните служби мораа да се изведуваат на грчки, македонските свештеници беа протерани или заменети, а грчката православна црква стана орудие на асимилацијата. Училиштата на македонски беа затворени, а децата присилно учеа грчки, во атмосфера на заплашување и понижување.

Колонизацијата со малоазиски доселеници

Најголемиот удар доаѓа по 1923 година, со Лозанскиот договор за размена на население меѓу Грција и Турција. Во Егејска Македонија беа населени преку 600.000 грчки бегалци од Мала Азија, кои добиваа земја, куќи, па дури и документи од македонски семејства што беа протерани. Македонците беа третирани како второкласни, без право на жалба или отпор.

Секој селанец, секое македонско семејство што ја изгуби својата нива, куќа, лозје или добиток, стана жртва на државно организиран грабеж. Македонија наеднаш требаше да биде „јужна Грција“, со нови имиња на градовите Лерин стана Флорина, Воден – Едеса, Кукуш – Килкис, Негуш – Науса, и така натаму.

Политики на притисок, тортура и прогон

Во периодот меѓу двете светски војни, грчката држава воведе специјални мерки: Македонците мораа да менуваат имиња, Говорењето на македонски беше казнувано

Преку полициска репресија, економски изолации и затворски казни се вршеше невидено етничко чистење без оружје но со несоборливи последици.

Воената диктатура на Метаксас (1936–1941) е врв на асимилаторската политика, илјадници Македонци беа затворани само затоа што зборувале на својот мајчин јазик.

Граѓанската војна последниот ексодус (1946–1949)

Кога се појави надеж за национално ослободување преку Демократската армија, многу Македонци застанаа во нејзините редови. Но со поразот во 1949 година, следува најмасовното изгонување, над 28.000 македонски деца беа насила однесени во странство (т.н. “Децата бегалци”), а десетици илјади Македонци мораа да ја напуштат својата земја.

Имотите им беа конфискувани, државјанствата одземени, а границите останаа затворени за секој кој се идентификувал како Македонец.

Последици што сè уште болат до ден денес, огништата на нашите предци останаа недостапни, затрупани со туѓи имиња.

И покрај сè, Македонците од Егејот не исчезнаа. Живеат во сеќавањата, во песните што сè уште се пеат во Воден, Лерин и Костур. Живеат преку нивните потомци кои во Битола, Скопје, Торонто, Перт или Мелбурн,… сѐ уште го зборуваат јазикот, ја раскажуваат историјата, ја чуваат вистината.

Ова е повик за правда, за паметење, за историја што не смее да се заборави. Македонците од Егејска Македонија не се минато, тие се темелот на нашата борба, живи сведоци на неправдата и доказ дека, дури и кога не си добредојден во сопствениот дом, идентитетот не може да биде избришан.

Без вистината, нема иднина.

Продолжува наредна среда.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top