Коментари

Честа на функцијата е во скромноста не во гордоста!

1Manojil

1Mane 4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески

Честа на функцијата е во скромноста не во гордоста!

Во животот, секој човек сонува за моментот кога ќе му биде укажана доверба да носи одговорност, но функцијата, таа кревка и привремена моќ, не е круна на величие, туку доверба дадена од Лидерот и партијата што му ја доделила таа функција.

И токму тука започнува вистинскиот тест за човекот.

Функцијата не смее да создаде ароганција, надменост или оддалеченост од оние што го издигнале. Оној што ќе заборави од каде доаѓа или ќе ги изневери принципите за кои се борел пред да ја добие функцијата, многу брзо ќе ја изгуби довербата и од Лидерот и од народот и на крај од самиот себе, ќе ја изгуби честа и душата.

Функцијата не е дозвола за привилегии, таа е обврска да се работи, да се служи, да се биде пример. Оној што ќе ја злоупотреби за лични цели, ќе остане запишан како трагичен пример на себичност и слабост.

Човекот на функција треба да биде достапен, скромен и храбар. Треба да го слуша народот, да прифаќа совет, но и критика. Функцијата бара храброст за тешки одлуки и достоинство за признавање на грешки. Оној што мисли дека е незаменлив, ја губи свеста за сопствената минливост. Секој е заменлив, но честа и угледот што ќе ги остави зад себе, тие остануваат засекогаш. Функцијата не е место на раскош, туку на саможртва.

Да бидеме луѓе што со функцијата не ја губат душата, бидејќи функцијата минува, но делата остануваат засекогаш.

Тоа не е само прашање на манири, тоа е прашање на карактер зошто функцијата не го менува човекот таа го разголува. Го покажува она што го носел во себе цело време, само што дотогаш немал можност да го покаже. Ако некој со првиот вкус на моќ стане глув за другите, тоа значи дека отсекогаш ги потценувал.

Но некои како да забораваат дека функцијата не е вечна. Дека столчето има рок на траење. И дека истите луѓе кои денес ги игнорираат утре ќе им бидат потребни, но тогаш можеби ќе биде доцна зошто секој игнориран повик е мала пукнатина во довербата, а довербата, еднаш скршена ретко се враќа.

И затоа, секој што добил функција мора да разбере: не е тој почетокот, ниту крајот на историјата. Функцијата не е негова сопственост, туку должност дадена во доверба, кој ќе заборави на тоа самиот ќе биде заборавен.

Да бидеме луѓе што со функцијата не ја губат душата, туку ја возвишуваат честа. Функцијата минува, но делата остануваат.

Честа на функцијата е во скромноста не во гордоста!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top