Коментари

Дијаспората незаменлив столб на македонската независност!

1Manojil

1Mane 4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески

Македонската дијаспора е душата што го одржа живо македонското дело!

Во големата епопеја за создавање на самостојна и слободна Македонија, една сила останува често недоволно спомнувана, но пресудно важна, македонската дијаспора.

Македонците расеани на сите континенти, од Америка и Канада, до Австралија и Европа, не беа само сведоци на македонската борба, туку вистински стратешки сојузници во најтешките мигови на нашата историја.

Кога во татковината беше тешко, кога се водеше битка за опстанок на јазикот, културата и државноста, дијаспората ја чуваше македонската искра жива. Во странство беа основани македонски цркви, културни центри, медиуми, здруженија, сè со една цел: да не згасне идејата за самостојна Македонија.

Дијаспората не беше пасивен набљудувач.

Преку силни политички лобирања во странски престолнини, организирање на митинзи, донации и градење на заедничка стратегија, Македонците надвор од татковината ја формираа првата линија на дипломатската и медиумската борба за меѓународно признавање на нашата независност.

Кога Македонија ја прогласи независноста во 1991 година, нашите браќа и сестри во светот први застанаа зад неа, подавајќи рака со поддршка, финансиска помош, влијание и глас во најмоќните држави. Тие беа нашиот амбасадор во време кога Македонија сè уште немаше свои амбасади.

Денес, кога ги славиме нашите државни успеси, кога чекориме по патот на развојот и меѓународната афирмација, должни сме да ја изразиме нашата вечна благодарност кон македонската дијаспора. Тие се живиот доказ дека љубовта кон Македонија не се мери со километри, туку со срце, со пожртвуваност и со вековна верност.

Дијаспората останува незаменлив столб на македонската нација. Како чувар на традицијата, како глас на вистината за Македонија во светот, и како вечен соработник во изградбата на нашата заедничка иднина.

Македонската дијаспора е душата што го одржа живо македонското дело!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top