Коментари

Македонија е геополитичка раскрсница на Балканот!

UV Verni na Organizacijata

1uv11 copy copy copy copy

Кога во бурните деведесетти години, под притисоци, закани и политички прогон, ја основавме ВМРО-ДПМНЕ, не го правевме за функции, туку за Македонија. Со срце, со визија и со жртва ја поставивме основата на партија која ќе стане најсилниот бедем на македонската државност и иднина. И уште тогаш ја кажавме вистината: Македонија е геополитичка раскрсница на Балканот!

Но тогаш ни се смееја. Ни велеа дека сме „националисти“, дека не ја разбираме „новата реалност“, а зад тие флоскули го криеја распродавањето на државните интереси.

Денес, три децении подоцна, светот се менува, Балканот гори од интереси, а Македонија нашата татковина стои токму таму каде што отсекогаш стоела, во центарот на Балканот!

Гасоводот, автопатите, железниците, електричната енергија, миграциите, безбедносните канали и геополитичките влијанија, сè поминува низ Македонија. Денес дури и тие што не веруваа, признаваат дека Македонија е стратешка точка од прв ред.

Но, прашањето е дали имаме луѓе кои ја сакаат оваа земја доволно за да не ја продадат за лични интереси?

ВМРО-ДПМНЕ, водена од новата генерација политичари на чело со Премиерот Христијан Мицкоски и со силна потпора од народот, членовите, симатизерите, основачите и ветераните, Македонија денес се враќа на својата коренска мисија: да ја сочуваме и изградиме Македонија како независна, достоинствена и силна држава со гордо крената глава.

Македонија е повеќе од парче земја. Таа е крстопат, судбина, срж на Балканот.

Македонија е раскрсница и на таа раскрсница ние избираме иднина!

Македонија е се што имаме!

Вечна да е Македонија!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top