Коментари

КОИ СМЕ И ШТО ЌЕ ОСТАВИМЕ ПОСЛЕ НАС?

1Manojil

1Mane 4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески

За да можеме да ја разбереме сегашноста и да можеме да создадеме подобра иднина за нашите поколенија, потребно е да ги откриеме корените од минатото.

Кои сме?

Од каде доаѓаме?

Што ни оставиле како наследство нашите предци?

Што сме направиле да го сочуваме тоа наследство?

И што ние ќе им оставиме на нашите потомци откако ќе го напуштиме овој свет?“.

Ако не знаеме кои сме, нема да знаеме ни каде одиме!

Во секој историски миг постои одговорност, одговорност што ја носат живите кон мртвите, и уште повеќе кон идните поколенија. Денес, кога Македонија повторно се исправува по годините на понижување, оваа генерација има мисија: да го зачува она што многумина пред неа го сонувале, за кое се бореле и гинеле.

Нашата обврска денес е да ја чуваме Македонија таква каква што ни ја оставиле, суверена, македонска и достоинствена.

Македонија не ни е дадена на подарок, Таа ни е доверена. А секоја доверба бара одговорност. Оваа генерација ќе остане запаметена или како таа што ќе го згасне пламенот, или како таа што ќе го разгори за векови напред. Изборот е наш, а времето е сега. Македонија нека биде наш завет, наш дом и наша иднина.

Ние, Македонците, сме народ со длабоки корени. Нашата приказна не започнува со меѓународни договори, туку со крвта на нашите херои.

Сме биле раселувани, оспорувани но никогаш избришани, зашто народ што знае кој е, не може да биде уништен.

Нашето наследство е обврска, не само гордост, наследството не е само музејски експонат или убаво патриотско чувство, тоа е завет, тоа е одговорност.

Што сме направиле ние за да го зачуваме она што ни било дадено со жртви, мака и со љубов?

Дали ги почитуваме корените или ги продаваме за краткорочни интереси? Ја носиме честа на генерациите кои се бореа да не бидеме народ на колена, тоа искуство е нашето огледало и нашиот аманет.

Што ќе им оставиме на нашите потомци?

Ќе им оставиме ли држава што клечи, или држава што стои исправено?

Ќе им оставиме ли празни зборови, или дела кои ќе ги водат и инспирираат?

Ќе им ја оставиме Македонија, или само спомен на тоа име?

Нашата обврска е да ја чуваме Македонија не како географска одредница, туку како душа. Да ги учиме децата да бидат горди што се Македонци, да им кажуваме дека македонското име е свето и е запишано во Библијата.

Да не го заборавиме аманетот и идеалите што ни ги оставија нашите предци!

Вечна да е Македонија!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top