Коментари

Ало „другарчиња“ од СДС, вратете се малку во реалноста!

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Свекрва

Пред некој ден слушнав еден недоквакан функционер на партијата СДС која секојдевно длабоко тоне  како видно нервозен дури и исплашен коментира, замислете во некој штаб на ВМРО-ДПМНЕ имало фотографија од претседателот Христијан Мицкоски. Тоа им пречело? каква дрскост?

Седум години крадевте, распродававте, се одрекувавте, е сега е време за поправка! Седум години ја распродававте честа и идентитетот на Македонија како на распродажба на бувљак. Сакавте да нè претворите во народ без име, без корен, без достоинство.

Го сменивте името на аеродромот, местото што беше симбол на македонска гордост “Александар Велики”. Го свенивте името на државата, го свенивте знамето, најсветиот симбол кој не потсетува на Кутлеш, на нашето античко потекло, на вековна борба. Го распнавте идентитетот на македонскиот народ за да угодите на туѓи амбасади и за лични фотелји,… Седум години нема да се заборават. Ќе бидат потсетник што никогаш повеќе не смее да се повтори.

Ало „другарчиња“ од СДС, вратете се малку во реалноста, сега Ви сметала сликата во некој штаб од Христијан Мицкоски?  Па вие низ цела Македонија имате штабови и канцеларии со фотографии на вашиот миленик Јосип Броз Тито а можеби во некоја и од Сталин. Веќе со децении! Не ви пречи тоа?

Ама да бидеме на чисто, вас не ве боли сликата. Ве боли што на таа слика има Човек-Лидер кој ја движи Македонија напред. Ве мачи неговата упорност, визија и способност да ја извади државата од калта во која вие ја заглавивте. Кал полна со криминал, сиромаштија, распродажба на националните интереси, иселување и понижување.

Вас ве боли успехот. Ве Боли што денес Македонија добива нова шанса. Шанса што вие ја газевте седум години. Ама народот гледа, народот знае. И не само што денес го почитува Мицкоски, туку бидете сигурни: еден ден и тоа многу скоро, ќе го слават и вашите деца и внуци. Како лидер кој стоеше исправено кога вие ја виткавте кичмата. Како човек кој не го продаде својот народ за шепа златници и заради ден повеќе власт.

Затоа, наместо да гледате фотографии, подобро бројте ги вашите гревови. Колку предавства на сопствената држава направивте, колку тендери наместивте, колку патишта оставивте незавршени, колку млади ја напуштија државата додека вие се сликвате со пари во раце и фотографии на плажи на море и во Дубаи.

Народот нема да заборави, народот веќе препознава што е добро а што е лошо. А фотографијата ќе остане симбол на обнова, надеж и макотрпна борба за горда Македонија.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top