Коментари

Демостен како доказ дека Македонија постоела а Грција ни во сон

1Dzepovski1

Dzepovski copy copy copy copy copy copy copy copy

Александар Македонски Џеповски

Среќа во несреќа – со човекот што ја мразеше Македонија

Која среќа во несреќа – да нè споменува човек кој ја мразеше Македонија, ја мразеше нашата историја, Филип Македонски, Александар, и сè што е македонско по дух и по суштина. Но, токму преку таа омраза, историјата сведочи за нешто друго – за величината на Македонија, за народ што не се покорува, што не прифаќа туѓ јарем, што секогаш оди гордо, исправено и со глава крената кон иднината.

Денес многумина се обидуваат да препишуваат историја, да ја преправат вистината, да ни кажат дека наводно „Грците“ биле тие што владееле и создавале цивилизација. Но тоа е најголемата лага на векот. Во времето на Филип и Александар немало Грција, немало Грци, немало никаква држава со тоа име. Постоеле само мали градови-држави, затворени тврдини од по неколку километри – Атина, Спарта, Теба, Коринт – каде неколку богати фамилии владееле со стотици робови.

Во тие градови постоеле господари и робови. Кај нас, во Македонија, постоеле слободни луѓе.

Секој Македонец живеел од својот труд, плаќал данок– 10% за државата – и со тоа ја градел силата на Македонија. Кај нас не владееле робовладетели. Кај нас владеел ред, закон и достоинство. Затоа Демостен рекол, „од Македонците не бива добар роб“.

Да, и не бива! Затоа што Македонецот е роден слободен. И тогаш, и денес.

Кога тие мали градови-држави почнаа да ја чувствуваат силата на Македонија, кога сфатија дека не можат да не победат на бојното поле, се здружија со Персијците, со туѓинците, со оние што отсекогаш сакале да ја видат Македонија понижена. Со подлост, лаги и пари (како и денес некои што се продаваат за туѓи интереси, само за да ѝ наштетат на сопствената земја) тогаш се обидоа да ја уништат државата што била пример за слобода и правда.

Но, не успеаја. Не успеаја затоа што не можеш да победиш народ што не се покорува. Не можеш да ја скршиш гордоста на луѓе кои не се продаваат за привилегии (иако денес се јавија неколку изроди и неранимајковци) кои не го менуваат своето име и идентитет за шепа пари и за лажна слава.

И ете, денес, повеќе од две илјади години подоцна, повторно се појавуваат некои нови „демостени“, некои самопрогласени учители на историја кои сакаат да ја прераскажуваат Македонија по туѓа мерка.

Но, Македонија не е нивна. Македонија е наша! На народот што ја градел, ја чувал и ја сакал.

И ако некој мисли дека може повторно да не направи робови – со економски диктати, со политички уцени, со лажни договори и предавства – нека го прочита уште еднаш Демостен: „Од Македонците не бива добар роб“.

Така било тогаш, така е и денес, и така ќе биде засекогаш.
Зашто Македонија не живее во книгите што ги препишуваат туѓинците – Македонија живее во срцата на своите луѓе.
Во срцето на секој Македонец што не прифаќа понижување, што верува во својот народ, својата земја и својата иднина.

ФАЛА МУ И СЛАВА МУ НА БОГА ШТО ЗНАЕ КАКО И ОД ДУШМАНИ ДА ИЗВЛЕЧЕ НЕШТО ДОБРО И ПОУЧНО И ДА ИМА КАКО ДОКАЗ ЗА ДЕНЕШНИТЕ НЕГАТОРИ ИСТРЕНИРАНИ ОД ЗАПАДНИТЕ НАТЕМАГОВЦИ КОИ САМО НЕГИРААТ И КОНТРИРААТ. ЧУВАЈ НЕ БОЖЕ ВЕЧНО НАС МАКЕДОНЦИТЕ И МАКЕДОНИЈА.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top