Коментари

Шар Планина не смее да биде сведок на нашата рамнодушност, туку симбол на нашето будење

1Mane

9-mane 7 copy copy copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески

Општина Врапчиште се наоѓа во западниот дел на Македонија, каде што Шар Планина го чува Полошкото поле како раце што благословуваат, место кое одамна ја научило најважната лекција во животот: дека луѓето се луѓе, дека човекот вреди по делото, без разлика какво му е името.

Денес сите ние, жители на општина Врапчиште го делиме истиот проблем за кој сите знаеме, а премолчуваме.

Живееме под Шар Планина, симбол на убавина и живот, а пиеме вода од цевки од азбест а водата загадена со фекалии.

По нашето плодно поле, наместо зелени ниви, гледаме пластични шишиња, домашен и градежен отпад.

Природата што некогаш нè хранеше и штитеше денес ни испраќа сериозно предупредување. Ова мора да се промени. Не со празни ветувања, туку со вистински дела, со совест и одговорност кон земјата што ни дава леб и кон водата што ни го дава животот. Ако не почнеме денес, утре ќе биде предоцна.

Во општина Врапчиште низ вековите, заедно живеат Македонци, Турци и Албанци, не едни покрај други, туку едни со други, тоа е разликата што ја прави оваа општина посебна.

Во старите времиња, кога животот беше поедноставен ама потежок, луѓето се помагаа еден со друг. Се работеше заедно на ниви, со мотика и срп, кога требаше да се собере житото, пченката и гравот пред дождот, да се изора земјата пред студот, никој не прашуваше кој си, туку како да се заврши работата.

Кога ќе се завршеше жетвата, се делеше леб, сирење и вода под сенка, и сите задоволни, не знаеше човек дали седиш покрај Албанец, Турчин или Македонец, се седеше покрај комшија.

Се одеше на свадби во соседните села, веселбата не познаваше граници, зурлата и тапанот знаеа да ги спојат луѓето.

Ако некој се разболеше целото маало се собираше да помогне, ако некој градеше куќа комшиите доаѓаа со по една матика или лопата, некој со коњ и кола, некој со магаре, кој што имаше, со тоа помагаше. Во тие времиња луѓето живееа посиромашно но со чувство дека доброто се враќа со добро, дека животот вреди само ако се помага.

На Бајрам добивавме од Турчин или Албанец баклава или шеќерпаре, на Велигден ние Македонците носевме црвени јајца.

Денес, кога времето стана побрзо, а луѓето понекогаш подалечни, вреди да се потсетиме на овие приказни, да се сетиме дека животот не беше лесен, ама беше исполнет со топлина.

Можеби времињата се менуваат, младите заминуваат, некои во Скопје, некои во странство, но кога се враќаат, секогаш велат: само овде мириса воздухот по мое, тој воздух го носи мирисот на заедништво, на гласот на комшијата што вели: Добро си дојден сине.

Нашите татковци и дедовци не оставија само куќи и ниви, тие ни оставија Аманет што не се гледа, туку се чувствува, Тие ни кажуваа дека најголемото богатство е да имаш добар комшија.

Денес, во 21 век, стоиме пред нашиот најголем заеднички предизвик – да најдеме вистинско решение за сериозниот проблем што нè засега сите: водата што ја пиеме од азбесни цевки треба да нè храни, а не да нè труе, а ако продолжиме да го фрламе ѓубрето по нашето поле, природата што нè одржуваше ќе ни возврати со предупредување што многу потешко ќе се исправи.

За тоа мора да застанеме како што стоеле нашите предци, заедно, рамо до рамо, без разлика кој какво име носи или на кој јазик се моли.

Шар Планина не смее да биде сведок на нашата рамнодушност, туку симбол на нашето будење.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top