Македонски легенди

Илија Џувалековски

Ilija

Ilija

Илија Џувалековски (20. ⅩⅠⅠ 1915 – 18. X 2004) е македонски театарски и филмски актер, професор на ФДУ во Скопје. Тој е еден од втемелувачите на македонскиот современ театар. Во 1944 година работел во Москва како уредник и спикер во Радио Слободна Југославија, кое било првото што емитувало вести на македонски јазик.

Илија Џувалековски е роден на 20 декември 1915 година во Прилеп. Дипломирал на Музичката академија во Белград.

За време на Втората светска војна, се приклучил на Народноослободителниот театар на Вис, предводен од Вјекослав Африќ. Во втората половина на 1944 година бил испратен во Москва, каде работел како уредник и спикер во Радио Слободна Југославија. Тој ги водел емисиите на македонски јазик.

По војната, ја започнал својата кариера како театарски и филмски актер во Скопје. Во 1963 година заминал во Загреб, каде што настапувал на сцената на Хрватско народно казалиште, а од 1967 ја водел катедрата за глума на македонски јазик при Академијата за театар, филм и телевизија.

Во Скопје се вратил во 1972 година и продолжил со својата педагошка работа на Факултетот за драмски уметности, а истовремено и со својата актерска кариера. Улоги: Поцко („Чорбаџи Теодос“), Виќа („Сомнително лице“), Отело, Егор Буличов, Гоце (во истоимените дела), Тетерев („Малограѓани“), Сатин („На дното“), Игнациј Глембај („Господа Глембаеви“) и др.

Придонесот на Џувалекоски на филмот не е ништо помал од театарскиот. Во својата актерска кариера остварил над 60 филмски улоги. Познати филмови во кои играл се „Фросина“, „Возот на доктор М.“, „Кота 905“, „Волча ноќ“, „Републиката во пламен“, „Црвениот коњ“ и многу др.

Џувалекоски добил многу награди и признанија. Во 1977 година бил добитник на наградата „АВНОЈ“, а во 1983 година ја добил и наградата „11 Октомври“ за животно дело.

Илија Џувалековски починал во Скопје на 18 октомври 2004 година.

1d-Tiho copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top