Македонски легенди

Павел Делирадев

Pavel

Pavel

Павел Димитров Делирадев (15.II 1879 – 9. II 1957) е бугарски општественик. научник, јавна личност и публицист, еден од основачите на Народната федеративна партија и деец на ВМРО (обединета).

Тој бил секретар на четата на Јане Сандански и близок пријател со Павел Шатев. Соработувал и бил редактор на неколку весници и магазини, а бил автор на неколку научни книги за бугарските планини, како и на трудови со историско – етнографски карактер. По 9 септември 1944 година, бил во раководството на Македонскиот научен институт.

Павел Димитров Делирадев е роден 15 февруари 1879 година во Панаѓуриште. Завршил четирикласното училиште во родното место. Во есента 1894 година станал учител во селото Кованлак, Ихтиманско. Во 1896 година се запишал во столарското техничко училиште во Русе. По враќањето во Панаѓуриште отворил своја столарска работилница.

Тој бил основач на социјалистички организации во Панаѓуриште и Русе. За да го продолжи своето образование, Делирадев се преселил во Софија, каде што посетувал предавања на Софискиот универзитет по политичка економија, филозофија, уставно право и географија.

Кратко живеел во Одеса. Работел како уредник во разни левичарски публикации, објавувајќи статии за Руската револуција од 1905 година. Во 1905 година, неколку месеци бил во романски затвор поради неговите врски со водачите на бунтот на рускиот воен брод „Потемкин“.

Делирадев се приклучил на националноослободителните борби на Македонците во 1907 година. Бил секретар на одредот на Јане Сандански, близок пријател на Павел Шатев и идеолог на левото крило на ВМОРО. Во мај 1908 година, како делегат присуствувал на општиот конгрес на левицата во Банско. На овој конгрес, Делирадев го одржал главниот извештај, во кој ја промовирал идејата за Балканска федерација.

По прогласувањето на Младотурската револуција, го напишал манифестот „До сите националности во Империјата“, објавен од федералистите по нивната легализација. Учествувал во создавањето на Народната федеративна партија, го составил нејзиниот статут и програма. Тој го уредувал печатениот орган на партијата, весникот „Народна волја“ (1909–1910). Во 1910 година, заедно со Михаил Герџиков, ја објавил брошурата „Војна или револуција“, во која се изјаснил против војната. Бил мобилизиран и учествувал во војните, но во меѓувреме развил антивоена агитација и ја пропагирал идејата за Балканска федерација.

Следел застој во неговите активности, кој траел неколку години. Потоа продолжил во научно-истражувачката област. Тој дал научни придонеси во географијата, геологијата, историјата, медицината, биологијата итн. Тој е автор на над 50 книги научна, популарна научна и уметничко-патувачка литература, 15 социо-политички брошури и над 2500 статии. Уредувал неколку весници и списанија и бил нивен соработник.

По 9 септември 1944 година, бил во раководството на Македонскиот научен институт. Во 1945 година, Делирадев како помошник уредник во месечното списание „Македонска мисла“, орган на Македонскиот научен институт во Софија, истакнал дека:

„Повелбата на новото време е: секој, којшто живее во Македонија, може и треба да се чуствува пред се и над се како Македонец…“

Павел Димитров Делирадев починал на  9 февруари 1957 година во Софија.

1d-Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top