Култура и туризам

МОНОГРАФИЈАТА – ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА СЛИМНИЧКИОТ МАНАСТИР ВО ПРЕСПА (2

3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН 

Иконостасот во црквата е сочуван во својата изворна состојба, каков што бил во првите децении од 17 век. Од содржината на иконостасот се издвојуваат царските двери и големиот крст, поставен како завршница во горниот дел, изведени во плитка стилизирана резба.

Многу важна содржина на оваа црква е ѕидното сликарство во најстариот дел на црквата од 1607, во припратата од 1612 г. како и она од некогашната западна фасада, а денес во тремот на црквата. Тоа есочувано речиси во целост и претставува еден од најзначајните репрезенти на сликарството од поствизантискиот период во Р. Македонија воопшто. Почнувајќи од источниот дел или од олтарскиот простор, во долната зона од конхата на апсидата се светите архиереи како учесници во светата Литургија. Над нив е ликот на св. Богородица со Христос.

          Манастирот од сите страни бил опколен со згради. Се влегувало низ две големи и две помали порти. Во горните делови на зградата се наоѓале простории за престој на гости. Некои од собите биле сопственост на селата Болно, Љубојно, Герман, Кономлади, Горица, Битола, Прилеп, Костур и др.

           Во манастирот се наоѓала најголемата библиотека, но грчкиот владика, целиот библиотекарски фонд го изгорел, поради тоа што бил на славјански. Палењето траело цела недела на три огништа. Овој трагичен настан се случил на почетокот на 20 век и сеуште носи болни траги кај жителите на Преспа. Денес во манастирот има скромна библиотека од дела на Славе Катин и Вера Антиќ

Инаку, книгата  ,,Ореолот на Дева Марија и Св. Богородица Слимничка во Преспа” на В. Стојчевска-Антиќ и С. Николовски-Катин е содржински богата во однос на култот на Дева Марија проследен со тектови од многу книги посветени на нејзиниот живот. Оваа значајна и по многу нешта единствена книга е исто така посветена на Пресветата Дева Марија и на Слимничкиот манастир изграден во 1607 година, кој 2007 година  одбележа 400 години од своето постоење.

 Во книгата е даден хронолошкиот развој на култут на Божјата Мајка почнувајќи од нејзиното раѓање па се’ до денес. Овој дел го прикажува животниот пат на Пресветата Дева марија преку евангелија и текстови од Новиот Завет, какои преку делата на уметници и анонимни автори, преку легенди и митови, преку апокрифи. Посебен дел е посветен на македонските народни песни во кои Светата Дева Марија се величи, а прикажан е и список на цркви во Република Македонија кои го носат името на Пресветата Божја Мајка.  

33 copy copy copy 

Делот насловен ,,Текстови за Пресветата Дева” ја прикажува хронологијата на нејзиното раѓање, како и на сето тоа што претходело и следело. Прикажани се најважните датуми во христијанстово, како 8 септември – нејзиното раѓање; 21 ноември – нејзиново воведување во Храмот; 25 март – Благовестие; 25 декември – раѓањето на Исус Христос и 15 август – нејзиното Успение.

 Бидејќи Сливничкито манастир се наоѓа во Преспа, авторите В.Антиќ и С. Катин даваат живописен опис на овој регион, нагласувајќи го неговото значење за црковните активности на Македонија во минатото, како и денес. Читателите ќе се запознаат со Преспа како главен град на македонјското царство на Цар Самуил; потоа со Препа како место на кое се формирала првата Македонска архиепископија; со Преспа како регион во кој многу Илинденци биле организирани, а чиј дух бил присутен и во текот на НОБ. Исто така, прикажани се бројни патеписи за Преспанскиот регион, за Република Македонија, Грција и за Албанија.

 Посебен дел во книгата е посветен на селото Сливница и на величенствениот манастир Пресвета Богородица Слимничка. Живописниот опис на ова село, со своите пет цркви и манастари, едноставно го одзема здивот. Како Слимничкиот манастир да оживува и ги поканува ненајавените и добронамерните гости да го посетат.

Делот што изобилува со легенди и митови само го потврдува значењето и важноста на култот на Пресветата Дева Марија во Македонија бидејќи таа е сакана и величена – и поради тоа е видена, а нејзините дела почувствувани. Дадени се искажувања и описи на локалните жители кои лично го доживеале присуството на Пресветата Марија како потврда на она што е горе наведено.

Продолжува

6b-slave copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција. Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала […]

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

To top