Македонски легенди

Александар Урдаревски – Станко

Urdarski

Urdarski

Александар Урдаревски (1920 – 1. II 1943) е македонски партизан, учесник во Народноослободителната борба.

По Априлската војна се вратил во Македонија и работел на организирањето на НОД во Скопско. Бил борец во првиот Скопски НОПО (1941), заменик командант на одред (1942) и командант на Македонско-косовскиот НОПО (1943). Загинал во борба со здружени италијанскоалбански сили. Прогласен е за народен херој на Југославија.

Александар Урдаревски е роден во 1920 година во селото Чучер во близина на Скопје, како втор син на Тодор и Велика. По завршувањето на основното училиште, посетувал гимназија во Скопје. По матурата, се запишал во земјоделско училиште во Неготин, каде почнал активно да соработува со скоевците. Во 1938 година бил примен за член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ) и станал секретар на младинскиот актив во училиштето. Кон крајот на 1939 година бил примен за член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ).

Во есента 1940 година се запишал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Белград. Како комунист, тој активно учествувал во сите акции организирани од Комунистичката партија на Југославија. По една демонстрација, полицијата го уапсила и го одвела во Главњача. Во затворот, тој ја издржал тортурата и не признал дека е комунист. Кога бил ослободен од затвор, тој продолжил со својата политичка активност.

По Априлската војна се вратил во Македонија, се поврзал со организацијата на КПЈ во Скопје и работел на организирањето на НОД во Скопско. Кога во Скопско бил формиран Првиот партизански одред, Александар станал борец во одредот. По распушрање на одредот, тој се вратил на партиската работа на овој терен и работел на обновување на одредот. Во 1942 година одредот бил повторно формиран, а Александар бил заменик командант на одред. Бидејќи Александар веќе бил истакнат борец, бугарските судови го осудиле во отсуство и издале потерници со награда за секој што ќе го фати жив или мртов.

По одлуката да се поврзат со косовските партизани, Александар ја извршил оваа задача и станал командант на заедничкиот Македонско-косовски одред на Скопска Црна Гора. Маневрирајќи на теренот на јужна Србија, Косово и Македонија, Александар се упатил кон Неродимље со група борци. На 1 февруари 1943 година, тој застанал во селото Старо Грацко, во близина на Липљан. Партизаните биле опкружени тука од здружени италијанско-албански сили, по што се развила тешка и нееднаква битка во која биле убиени сите осум члена на групата, освен еден партизан кој бил заробен.

Многу години потоа, неговите останки биле пренесени во родното место Чучер, кое подоцна е наречено по него Чучер Сандево (мајката Велика од милост својот син го викала Санде).

Со указ на Президиумот на Народното собрание на ФНР Југославија на 20 декември 1951 година, тој бил прогласен за народен херој.

1d-Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top