Досиеја

Полициско досие: Како роднокраец и близок пријател го кодошел Мане Јаковлески во УДБА-1981 г.

Непријатно бев изненаден кога блиски другари, пријатели, роднокрајци, кои доаѓале во ресторан „Ново Скопје“ во Берлин, ги сметал за блиски, им приредувал топло гостопримство, пред нив им го отворал срцето и слободно разговарал за сешто го болело во душата. Искрен бил со нив, а тие го искористувале гостопримството, доаѓале со одредена цел бидејќи биле испратени од тајните југословенски и македонски служби, да го кодошат во УДБА.

Во Полициското досие прочитав изјава, потпишана од М. С. роднокраец од родното село на Мане, Зубовце, професор по англиски јазик во гостиварската гимназија „Панче Попоски“, напишана на 25 февруари 1981 година. Иако потписот на изјавителот е покриен со црн фломастер, како и уводниот дел, сепак Мане според податоците што ги има во изјавата, го препознава дека е Мино Спасеновски., а брат ми Гојко го имаше како втор брат.

Од изјавата која дава овој роднокраец за УДБ-а може да се виде како тој и го насликал Мане Јаковлевски на македонската тајна служба. Во оваа изјава од 25.02.1981 година, децидно стои:

„Поради тоа што уште од детството јас бев добар другар со Јаковлески Гојко, после неговото заминување во З.Берлин – СР Германија, јас неколку пати престојував кај него на гости, каде се сретнав и со неговиот брат Јаковлески Манојил.

За Манојил можам слободно да речам дека непријателски е расположен спрема СФР Југославија, а имено неговата непријателска активност се состои во следното:

Маноил под влијание на неговиот брат – Гојко, постанал член на македонската емигрантска организација „ДООМ“ (Движење за ослободување и обединување на Македонија), која организација парично ја помага, а платформа му е обединување и ослободување на Егејска, Вардарска и Пиринска Македонија, со прозападно капиталистичко уредување. Во 1976 година во месец август,  јас бев во посета на Јаковлески Гојко. Во еден разговор што го водев со Маноил, тој се искажа дека имал дадено 5.000 ДМ на еден негов пријател со цел да обезбеди раководители на ограноци на ДООМ во Австралија и други земји да дојдат во З. Берлин и да земат учество во прославата организирана во чест на 2 август, денот на Илинденското востание.

Манојил во разговорите што јас сум ги имал со него, не ја признава Југославија и јавно омаловажува се што е југословенско. Поседува книги со вицеви искажани на рачун на СФРЈ и највисоките функционери на Федерацијата, како и за другарот Тито. Овие вицеви пред мене ги има кажувано, а јас еден од нив и ќе го цитирам дословно како Мане мене ми го кажуваше: „Кога другарот Тито дошол во Загорје, каде се сретнал со една жена, која ја прашал, мајко знаеш кој сум јас? Таа одговорила дека не го познава. На ова другарот Тито му рекол јас сум тој што ги истера од Југославија фашистите, таа на ова му одговорила, добро синко, но да ги истераш и комунистите ќе свршиш голема работа“.

Јас лично имам видено дека Маноил ако се спомне нешто добро за Југославија, веднаш реагира, негирајќи го со вулгарни зборови и пцовки. Притоа искажувајќи се дека треба да гледаме како да ја ослободиме Македонија која се наоѓа под јарем на Југославија и нема своја независност.

Манојил во ресторанот држи менија на кои е нацртана картата на„ голема Македонија“, а на последната страна од јеловниците има напишано текст на германски јазик со содржина…. дури и многу помалечки нации од Македонија во светот имаат своја независност… Во еден текст што Маноил го има напишано во еден памфлет стои: „Македонци, браќа, сестри, дедовци, татковци, доста е овој јарем што го носиме, ред е да ги дигнеме главите и да се ослободиме“.

На левата рака Манојил има тетовирано амблем на „голема Македонија“ со три факели и иницијали Е.В.П, што значи Егејска, Вардарска и Пиринска Македонија.

Маноил има порачано специјални ќибрити на кои стои нацртана„ голема Македонија“, а кои ги растура сред нашите работници кои се на времена работа во Германија.

Изјавата ја давам доброволно со цел да послужи како доказен материјал во случај да се води постапка против Јаковлески Маноил.“ – изјавува М.С. роднокраецот и близок пријател на браќата Јаковлевски.

 

Најново од: Досиеја

Архивско досие од 1978 година: СДБ собирала сознанија за Гојко и Мане Јаковлески во Берлин

Знам за кој човек станува збор и до ден-денес немам лошо мислење за него. Во тогашните околности морал нешто да каже, бидејќи во спротивно можела да му биде одземена патната исправа. СЛУЖБЕНА БЕЛЕШКА I – Разговорот со [ПРЕЦРТАНО] е обавен на 18:05.1978 год. во СМ „Ѓорче Петров“. II – Целта на разговорот беше да се […]

Архивски документ: службена белешка на СДБ од 30 октомври 1983 година за „Ново Скопје“ во Западен Берлин

РСВР на СРМ – СДБ Скопје Испостава – Гевгелија [редактирано] Чукано во 2 прим. Доставено до 2 и 4 сек. Евид. бр. 233 СЛУЖБЕНА БЕЛЕШКА [редактирано] На 30.10.1983 година по барање на [редактирано], времено вработена во Западен Берлин, обавив разговор и од разговорот произлезе следното. [редактирано] во Зап. Берлин работела од 1973 г. во фабриката […]

СДБ, Западен Берлин, Ново Скопје Берлин

РСВР – СРМ СДБ – II – Сектор [редактирано] Ев. бр. 20 21.01.1983 година Скопје СЛУЖБЕНА БЕЛЕШКА На 17.01.1983 година обавен е разговор со оперативната позиција [редактирано] од Западен Берлин, во текот на кој го презентира следното: „При крајот на 1981 година во Западен Берлин дојде ПУРЕВСКИ (сите го знаат како „Пуре“) и од самиот […]

Злосторства на грчките реакционери врз македонското население во Егејска Македонија

„Борба“ во 1945 година: Југословенскиот печат известува за злосторства врз Македонците во Егејска Македонија Весникот „Борба“, официјален орган на Комунистичката партија на Југославија, на 2 јули 1945 година објавува напис за насилствата што биле извршени врз македонското население во Егејска Македонија. На насловната страница на белградскиот дневен весник „Борба“, број 159 од 2 јули 1945 […]

Берлин, 1995: Македонија на пат кон Европа

На 8 септември 1995 година, во Берлин се одржал семинар посветен на Македонија и нејзината европска иднина, со присуство на дипломати, новинари, политичари и пријатели на македонскиот народ. Архивски документ од Берлин, 1995 година Во преполната сала на Ратхаус Шенеберг, седиштето на поранешната Берлинска влада, на 8 септември 1995 година се одржал семинар на тема […]

ЦЗК-ВМРО ДПМНЕ-БЕРЛИН

ВМРО-ДПМНЕ-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО ХРВАТСКА Бр.: 4/94. ЦЗК-ВМРО ДПМНЕ-БЕРЛИН ГОСПОДИНЕ ПРЕТСЕДАТЕЛЕ, Мојата желба, а пред сѐ партиска обврска да како секретар и Ваш близок соработник, бидам присутен на закажаниот состанок на 24.04.1994. год. Спречен сум да дојдам поради здравствени причини. Согласен сум со важноста на овој состанок во изборната 1994 година. Должен сум […]

Обид да се урне туѓата мисла-29.03.1990

СООПШТЕНИЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ПО ПОВОД БАРАЊАТА ЗА ЗАБРАНА НА ОВАА ПАРТИЈА Искажаните протести значат изразена тенденција за вметнување на едноумното минато во сеќавањата на македонскиот народ, и по можност, во неговата иднина, вели ВМРО–ДПМНЕ

Програмски цели на ВМРО – Демократска Партија за Македонско Национално Единство-1990 г.

Македонија над се ! 1990 година МАКЕДОНИЈА НАД СЕ !!! ВМРО – ДПМНЕ ќе се бори за враќањето на гордоста и достоинството на македонскиот човек, македонскиот народ и македонската држава. ВМРО – ДПМНЕ ќе работи за целосно духовно, политичко, економско и етничко обединување на распарчениот македонски народ и држава по линијата обединет Балкан (Балканска конфедерација) […]

Најнови вести

To top