На прво место

Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ

Македонска Нација

Македонска Нација

СДС не може да избега од сопствената одговорност – предметот го отвори СЈО, а судскиот исход е последица на измените на Кривичниот законик што ги донесе токму нивната власт

Падна уште еден случај што со години беше користен како инструмент за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ. Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината врз други, фактите не можат да бидат избришани со партиски соопштенија, прес-конференции и пропагандни конструкции.

Факт е дека предметот го отвори Специјалното јавно обвинителство, институција која во јавноста остана запаметена по селективното постапување, политичките спектакли и процесите насочени претежно против функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо правдата, во тој период во преден план беше политичката пресметка. Наместо независна истрага, јавноста гледаше однапред подготвени обвиненија, медиумски пресуди и обиди за целосно политичко дискредитирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Сето тоа се случуваше во период кога врз Македонија се вршеа силни политички притисоци, а промената на името на државата беше претставувана како неизбежна политичка цел. Затоа останува оправдано прашањето дали дел од тогашните судско-обвинителски процеси биле користени како средство за заплашување, уцена и отстранување на политичкиот отпор.

Но постои уште еден факт што СДС денес свесно се обидува да го премолчи.

Судскиот исход не е резултат на некакво „судство под контрола“, како што сега се обидуваат да ја убедат јавноста, туку е последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година. Тие измени ги предложи и ги изгласа парламентарното мнозинство предводено од СДС.

Токму тие законски измени доведоа до намалување на казните и до застарување на повеќе предмети. Денес СДС се обидува одговорноста за последиците од сопствените одлуки да ја префрли врз судовите и врз актуелната власт.

Јавноста добро памети како беа донесени измените на Кривичниот законик – по скратена постапка, со европско знаменце и без суштинска јавна расправа. Уште тогаш постоеја силни сомнежи дека измените се дел од пошироки политички договори и трговија со влијание, поврзани со обидите да се обезбеди поддршка за уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот.

Затоа СДС нема политичко и морално право денес да глуми изненадена страна.

Наместо да измислува приказни за „заробено судство“ и „политички контролирани пресуди“, најпрвин треба да се погледне во огледало и јавно да одговори:

Кој го нарача политичкиот прогон преку тогашното СЈО?

Кој имаше корист од спектакуларните обвиненија и од политичкото оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ?

Зошто СДС ги предложи и ги изгласа измените на Кривичниот законик во 2023 година?

Со кого се договараа тие измени и што требаше да се добие за возврат?

Фактите се непријатни за СДС. Но уште понепријатно е нивното упорно бегање од сопствената одговорност.

Не може истовремено да се создаваат политички монтирани процеси, да се менуваат законите што влијаат врз нивниот исход, а потоа вината да се префрла врз други.

Тоа не е борба за правда.

Тоа е политичко лицемерие.

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top