На прво место

Илинденците и асномците се бореа со оружје – денес борбата е за економски силна Македонија

Во пресрет на Илинден, да се потсетиме дека љубовта кон татковината не се докажува со навреди и поделби, туку со работа, одговорност и визија за поколенијата што доаѓаат

Илинденците и асномците се бореа со оружје во рацете, свесни дека слободата можат да ја платат со сопствените животи. Благодарение на нивната храброст и жртва, денес имаме своја држава.

Нашата генерација нема право да ја заборави нивната борба, но ниту да живее само од славата на минатото. Денешната борба се води со знаење, работа, економски развој и одговорно раководење. Тоа е борба за силна Македонија – со крената глава и исправена кичма.

За жал, има и такви кои, наместо да создаваат, избираат да навредуваат. Немајќи сопствена визија, ги напаѓаат оние што размислуваат похрабро и подалеку од тесните рамки на дневната политика. Како секоја добра идеја и секој постигнат успех да претставуваат закана за нивната суета.

Навредата никогаш не била доказ за знаење, ниту омаловажувањето е знак на сила. Зад нив најчесто се кријат немоќта и зависта: „Зошто тој може подобро, а јас не?“ Кога недостигаат аргументи, најлесно е да се посегне по лични дисквалификации.

Во пресрет на Илинден мора да се потсетиме дека празникот не е само спомен на минатото. Илинден е аманет, обврска и повик за иднината. Илинденците и асномците не се бореа за Македонија во која поколенијата ќе се навредуваат и меѓусебно ќе се поништуваат. Тие се бореа за слободна, достоинствена и просперитетна татковина.

Денес не е доволно само да кажеме дека ја сакаме Македонија. Љубовта кон неа се докажува со чесност, пожртвуваност и работа за општото добро. Таа се докажува и со подготвеноста да се признае и почитува трудот на оние што секојдневно се вложуваат за нејзината иднина.

Има луѓе кои своето знаење, искуство и енергија ги посветуваат на државата и на судбината на поколенијата што доаѓаат. Тие не размислуваат само за следната анкета или за наредните избори, туку бараат решенија, создаваат можности и отвораат патишта по кои Македонија може економски да напредува, а македонскиот народ да ги зачува својот идентитет, достоинство и правото самостојно да ја гради својата иднина.

Кога зборувам за таква посветеност, мислам и на политиката на претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски.

Не жалејќи ги своето време и енергија, Мицкоски се соочува со последиците од грешките направени во минатото – поради неспособност, неодговорност или теснопартиски интереси. Наместо во наследените проблеми да бара оправдување за неработење, тој ја презеде одговорноста да ги решава и да ја враќа Македонија на патот на економскиот развој, институционалната стабилност и националното достоинство.

Многу е полесно да се критикува отстрана отколку да се носат тешки одлуки и да се одговара за цела држава. Додека премиерот настојува да ги поправа наталожените неправилности и да создава подобри услови за живот, некои упорно бараат „влакно во јајцето“, обидувајќи се секоја негова активност да ја прикажат како слабост или неуспех.

Секоја власт треба да биде подложна на јавна контрола и ниту еден политичар не е непогрешлив. Но постои суштинска разлика меѓу аргументираната критика и организираното омаловажување. Критиката треба да посочува пропусти и да предлага подобри решенија, а не да служи за ширење омраза и лични навреди.

Толеранцијата што ја покажува Мицкоски не треба да се толкува како слабост. Потребна е голема внатрешна сила секојдневно да се поднесуваат напади, а сепак да се остане посветен на работата. Потребна е политичка зрелост на навредите да не се одговара со одмазда, туку со истрајност и резултати.

Мицкоски ја избра потешката страна на политиката – да работи, да трпи и да одговара за сработеното. Тој покажува дека премиерската функција не ја разбира како привилегија, туку како обврска кон сите граѓани: да се заштитат националните интереси, да се зајакне економијата, да се подобри животниот стандард и да се создаде иднина за младите во сопствената татковина.

На Македонија не ѝ се потребни политичари кои навиваат за нејзин неуспех само затоа што не се на власт. Политичките разлики се природни, но државниот и националниот интерес мора да бидат над партиските пресметки. Цената на неуспехот не ја плаќа само една влада – ја плаќаат народот, младите и идните поколенија.

Пред Илинден треба искрено да се запрашаме: дали сме достојни за жртвата на оние што се бореа пред нас? Дали нивниот аманет го продолжуваме со работа и единство или со кавги, навреди и поделби?

Илинден нè учи дека Македонија е поголема од секоја партија, функција и лична суета. Нашата најголема обврска е кон децата, внуците и идните поколенија кои еден ден ќе судат дали сме биле генерација загубена во поделби или генерација што им оставила стабилна, достоинствена и просперитетна држава.

Илинденците и асномците ја водеа својата борба со оружје. Нашата современа илинденска борба се води со знаење, работа, чесност и одговорност.

Токму таква борба денес предводи премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски – борба за економски силна Македонија, со крената глава, исправена кичма и сигурна иднина за поколенијата што доаѓаат.

Нека е среќен Илинден и вечно нека се одбележува саможртвата на илинденците и асномците, благодарение на кои денес живееме и го славиме празникот во слободниот дел на Македонија.

Најново од: На прво место

Светиот крст од Ерусалим свечено пристигна во црквата „Света Огнена Марина“ во Зубовце.

Претставници на Еврејската заедница и на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија – го предадоа Светиот крст во храмот „Света Огнена Марина“. Светиот Крст беше пречекан од голем број верници, жители на Зубовце, гости од соседните села и пријатели од цела Македонија. Зубовце денес живее во знакот на верата, традицијата и македонското заедништво. На […]

Денес да ја прославиме Марена во Зубовце и да го пречекаме Светиот Крст од Ерусалим!

Денес, со почеток во 9 часот, Зубовце ќе живее во знакот на верата, традицијата и македонското заедништво. По повод селската слава Марена, во црквата „Света Огнена Марина“ свечено ќе биде пречекан Светиот Крст од Ерусалим. На овој свет ден и на возвишениот духовен чин ќе присуствуваат Неговото Блаженство, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска […]

Македонски историски календар: 30 јули

1903 – Во Биринската Планина бил довршен планот за ослободување на Крушево На 30 јули 1903 година, само три дена пред почетокот на Илинденското востание, Крушевскиот востанички штаб одржал состанок во Биринската Планина. Присуствувале Никола Карев, Питу Гули, Иван Наумов–Алабакот, Тома Никлев, Андреја Димов–Докурчев и Тодор Христов. На состанокот бил довршен планот за преземање на […]

Мицевски: Речиси 400 испитувања покажале неисправна вода во времето кога Филипче бил министер

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека јавноста не била информирана за резултатите и побара Јавното обвинителство веднаш да го испита случајот Речиси 400 испитувања на водата, направени во периодот кога Венко Филипче бил министер за здравство, покажале дека таа била неисправна, но тогашната власт не ги информирала граѓаните, изјави на денешната прес-конференција Никола […]

Коњаниците пристигнаа во Вранештица – вечерва ќе преноќат во црквата „Св. Илија“

Коњаниците од здружената коњаница „Св. Јован Бигорски – Патот на Црешовото Топче“ пристигнаа во Вранештица, каде што беа срдечно пречекани од жителите. По напорниот ден и поминатите километри, коњаниците сега се во црквата „Св. Илија“, каде што ќе преноќат и ќе соберат сили за продолжението на патот кон Крушево. Утре тие ќе го продолжат својот […]

Коњаницата свечено пречекана во Староец, доби благодарница за долгогодишното учество во маршот

Коњаниците од Коњаницата „Св. Јован Бигорски – Патот на Црешовото Топче“ денес беа свечено и срдечно пречекани во црквата „Св. Јован Крстител“ во кичевското село Староец. Во знак на признание за нивната истрајност и за долгогодишното минување низ Староец на патот кон славното Крушево, на коњаницата ѝ беше врачена благодарница. Ова признание претставува благодарност за […]

Коњаниците добија благослов во црквата „Св. Петар и Павле“ во Кичево и го продолжија патот кон Вранештица

По пристигнувањето во Кичево, коњаниците од здружената коњаница „Св. Јован Бигорски – Патот на Црешовото Топче“ беа пречекани во градската црква „Св. Петар и Павле“, каде што добија благослов за безбедно продолжување на патот кон Крушево. Во храмот беше упатена молитва за здравје, сила и Божја заштита на коњаниците, кои веќе неколку дена минуваат низ […]

По патот на Црешовото Топче: Коњаницата на 29 јули ќе помине низ Кичево и ќе пристигне во Вранештица

Коњаниците го продолжуваат патот кон Крушево, носејќи ја илинденската порака за единство, почит кон предците и верност кон Македонија На 29 јули 2026 година, среда, коњаницата „Св. Јован Бигорски – Патот на Црешовото Топче“ ќе ја продолжи својата маршрута од манастирот Кнежино кон Кичево и Вранештица. Поаѓањето од манастирот Кнежино е предвидено во 8 часот, […]

To top