Овие два документи (едниот од Македонска УДБА) а (вториот од Југословенска УДБА) ги објавувам како: „поздрав“ до оние кои продолжуваат да ЛААТ за мене, или народски кажано: кучињата лаат а карванот продолжува да оди.
Документ Бр.1
Архивски документ на Службата за државна безбедност (УДБА) при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија открива дека на 2 декември 1991 година бил поднесен предлог за тајна контрола на меѓународните телефонски разговори на Маноил – Мане Јаковлевски, тогаш привремено населен во Берлин.
Во образложението тој е означен како „безбедносно интересно лице“ во рамките на оперативната акција „М-91“, поради финансиската поддршка за ВМРО-ДПМНЕ.
Документот сведочи за методите со кои безбедносните структури ги следеле македонските политички активисти и непосредно по осамостојувањето на Македонија во 1990 годинана .


Документ Бр.2
Овој документ е од Југословенска УДБА од 16 Мај 1984 година
