Песни за Македонија

Илинден – наш светол празник

Гордана Димовска

Гордана Димовска

Гори желба и љубов
кон таа земја, исконска и света,
желба утрешниот ден
да биде подобар од вчерашниот.

До кога потајни надежи и желби?
Народот чека и копнее
по подобра и среќна иднина.

Ете, пак 2 август – Илинден дојде.
Илинденскиот пламен
блесна како вчера да беше
и нѐ потсети на борбата
крвава и тешка.

Но народот се реши
и храбро се бореше
против многубројниот, силен аскер.

Животите не ги жалеа –
родната земја ја бранеа.

И ете, како вчера да беше,
но и денес треба
илинденскиот оган да осветли,
да поттикне чувство,
да разлее љубов,
да го распламти духот,
одново да нѐ научи
и на сите страни да одекне
како треба својата земја да се брани!

Таа не е зрело јаболко
од кое секој сака да се наслади
и посакува цело да го има.

Таа не е најубавото разиграно оро
што некој друг треба да го води!

Таа е нашето сѐ –
нашето битие
и смислата на нашиот живот.

Таа е разиграно оро
од историја, традиција и култура,
од вековен стремеж.

Таа е оро
што Македонецот
треба гордо да го води!

Превземено од:

Најново од: Песни за Македонија

Песна за Гоце

Автор: Венко Марковски Горо ле сестро ајдушка Горо ле, мајко јуначка Зошто ле горо, зашуми Кога ни ветре не дувна? Дал ми те јунак наминал Со стара верна дружина? Дал ми те некој проколна За вековечни времиња. Ил ми те нешто исплаши, Исплаши памет помами? Горо ле, не трај – прозбори, Тешка ми рана отвори. […]

Чуварот на македонскиот копнеж

Посветено на Мане Јаковлески Од убавото Зубовце, под Шара што спие, тргна едно момче со младост во гради. Но во туѓина, каде германски дожд лие, за родниот крај нешто во него врие. Тргна нови соништа да гради. Во Берлин далечен, сред туѓото сивило, Маноил силно го чуваше пламенот свет, пламенот што растеше сè поголем и […]

11 – ти Октомври

11 Октомври Од тешкиот покров на ропската ноќ се роди крик, се роди моќ. Во Прилеп град, под Маркови кули, се разбуди секој што ропство го куди. И Куманово во слободарска зора запали оган што надеж отвора. Пукна првата пушка, одекна глас: „Доста е ропство, дојде нашиот час!“ Не за туѓи круни, не за туѓи […]

Љубов за мојата родна земја

Заминавме со куфери полни со тага и надеж, преку сини мориња, кон далечни, туѓи градови. Таму сонцето нема ист топол сјај, а ноќите се студени како непознати прагови. Но колку и да нè водат патиштата низ светот, македонскиот корен и во туѓа земја никнува. Во Мелбурн, Детроит, Торонто, среде Европа, па и на крајот од […]

Лирско писмо за Волф Ошлис

Саво Костадиновски Волф Ошлис (29 септември 1941, Кенигсберг – 18 август 2026) бил германски славист, македонист, политиколог, публицист и еден од најголемите странски пријатели и афирматори на Македонија. Германскиот славист, македонист, политиколог, публицист и универзитетски професор Волф Ошлис повеќе од половина век го проучува и го афирмира македонскиот јазик, историјата и културата. Во време кога […]

ВТОРАТА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

На 20-от декемвриски ден, во 1943 лето, во Егејот долу, во Фуштани село, близу до Сопота града, се роди Втората македонска ударна бригада. Се исполни планот на Кузман и Ченто, протестираше генералот Вукмановиќ – Темпо. Бригадата ја сочинуваа неколку стотини борци, командантот е Туриманџоски Димче – Горски. Низ тиквешко поле, бригадата оди, многу борби со […]

Светлината од Скопје

Посветено на Мајка Тереза Мајка на светот, со срце од чисто злато, родена во Скопје, во скромно, мило јато. Од калдрмата стара, каде детството извира, таа тргна по пат што цел свет го вселува. Во Калкута далечна, сред болка и глад, им служеше на сите – и на старец и на млад. Во секое паднато […]

Песна за Александар Цар Македонски

Се провикна млад Александре, се провикна сред Македонија, та запали коња Букефала, Букефала, коња крилатога. „Слушајте ме, мои верни друзи, мои друзи, силни војводи, тесно ми е во оваа земја, мал е светот за јуначко срце!“ Па подигна силна си војска, нареди ја фаланга камена, со копјата в небо што се бодат, со штитови сонце […]

To top