Посветено на Мане Јаковлески
Од убавото Зубовце, под Шара што спие,
тргна едно момче со младост во гради.
Но во туѓина, каде германски дожд лие,
за родниот крај нешто во него врие.
Тргна нови соништа да гради.
Во Берлин далечен, сред туѓото сивило,
Маноил силно го чуваше пламенот свет,
пламенот што растеше сè поголем и поголем,
полн со копнежи и борба.
Сè што за родната земја во него живееше,
го преточи во силен повик за борба,
во збор и во завет.
Идеалот на Гоце и илинденскиот крик
во берлинските ноќи не му даваа мир.
Така се коваше тој македонски лик,
што за вистината наша отвори страници цели.
Од ДООМ и патриотскиот немирен строј,
до темелот на ВМРО што гордо се крена,
Мане беше тука, во првиот бој,
за идејата чиста, од никого неземена.
„Македонска нација“ — како екот на дедовците,
преку неговиот збор одново прозбори,
да знаат и синови, и внуци, и предавници,
дека за Македонија тој со срце се бори.
Денес пак во родното Зубовце се враќа,
на дедовската земја, крај природната убавина и мирот,
но во него секој агол на татковината ечи,
како вечен чувар на вистината и синџирот.
Оти туѓината зема, но коренот влече,
а Маноил остана заштитник на честа.
Македонскиот копнеж низ него вечно тече,
запишан во историјата на најсветото место.
Подаде рака на сите како него,
и на оние што беа залутани
и се срамеа да кажат кои се,
од каде се.„Македонска нација“ е најсеопфатна македонска слика,
неисцрпен извор на легенди,
песни, историја и мисли на писатели наши.
И не плашете се ако немате спомен —
ќе ве поведе во волшебството на вашиот корен.