На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија.

На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во Марсеј се претворил во крвав настан со меѓународни последици. Кралот пристигнал во Франција во официјална посета, наменета за зацврстување на сојузништвото меѓу двете држави во време на растечки европски тензии.

Делови од нападот и неговите непосредни последици биле забележани од филмските камери. Снимките придонеле настанот брзо да стане познат низ светот.

Држава со нерешени национални прашања

По создавањето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците во 1918 година, политичкиот живот бил обележан со судири околу државното уредување, централизацијата и националните права. На 6 јануари 1929 година, кралот Александар го укинал уставот, го распуштил парламентот и вовел лична диктатура. Истата година државата го добила името Кралство Југославија.

Во Вардарска Македонија, македонската национална посебност не била признаена. Српскиот јазик се користел во училиштата и во управата, а државната политика била насочена кон асимилација на населението. Полицискиот надзор, апсењата и прогоните биле дел од притисокот врз противниците на режимот.

Соработката меѓу ВМРО и усташкото движење

Атентатот бил резултат на организирана соработка меѓу ВМРО под водство на Иван Михајлов и хрватското усташко движење на Анте Павелиќ.

Двете организации имале заеднички противник во југословенската држава, иако нивните политички цели и идеолошки определби не биле идентични. Усташкото раководство се стремело кон разградување на Југославија и создавање независна хрватска држава. Михајловистичката ВМРО настојувала преку вооружени акции и меѓународен притисок да го наметне македонското прашање.

Кој бил Владо Черноземски

Владо Черноземски (19. Х. 1897 – 9. Х. 1934) бил македонски револуционер, член на александровата, а потоа и на михајловистичката ВМРО. Вистинското име му е Величко Димитров Керин, шофер и саатчија во Софија. Во ВМРО бил познат како „Владо Шоферот“, а со фалсификувани документи се појавува како „Величко Георгиев“ од Разлошко, „Владо Димитров Черноземски“ и „Владимир Димитров Владимиров“ од штипското село Патрик.

Величко Димитров Керин или Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес населба на Велинград, Бугарија, во семејството на Димитар Керин и Риса Баталџиева од Разлошко, Пиринска Македонија.

Во Првата Светска Војна, Величко учествувал како војник во инжинериските единици, а по демобилизацијата во 1919 година работи како шофер и саатчија. Во 1920 година се оженил и од првиот брак има една ќерка. По разводот во 1925 година, подоцна повторно се жени и живее во Софија до 1932 година кога му се губи секаква трага во Бугарија. Неговото име се појавува во јавноста дури по идентификацијата на телото на атентаторот од Марсеј во 1934 година.

Во меѓувреме, во 1920 година се преселува во Банско и работи како возач на камион за тутунскиот трговец Каракостов во Дупница, поради што го викаат Владо шоферот. Истовремено, тој извршува и многи задачи за Македонската револуционерна организација (ВМРО) возобновена од Тодор Александров. По започнување на немирите во Ќустендил, неговиот работен однос прекинува во 1922 година, а истата година, под името Владо Димитров Черноземски станува член на ВМРО и се вклучува во четата на војводата Иван Јанев Брло. Во текот 1923/1924 година, тој е во четата на Трајан Лакавишки.

Владо влегува повеќе пати со четите и дејствува во Штипско, Кочанско и Радовишко. Учествува во над 15 борби со југословенската полиција и жандармерија и при тоа станува познат како ладнокрвен, бестрашен и еден од најдобрите стрелци на Организацијата. Како доверлив човек на Организацијата, во 1924 година, Тодор Александров го повикува во Софија и оттогаш Владо Черноземски е на располагање на ЦК на ВМРО. На Владо му се даваат голем број на одговорни задачи за извршување.

По смртта на Тодор Александров во август истата година, започнуваат серија убиства и расчистување на сметките меѓу македонската емиграција во Софија. Во 1924 година, Владо учествува во ликвидацијата на македонскиот деец Димо Хаџи Димов, а во 1930 година во елиминација на еден од водачите на Протогеровистите Наум Томалевски. Во првиот случај Владо бил осуден од Софискиот суд на смрт со бесење, но пресудата не била извршена, а тој во 1925 година избегал од полицијата. Во вториот случај бил фатен и во април 1931 година осуден на строг доживотен затвор, но набрзо бил амнестиран и ослободен во јануар 1932 година.

Подготвеноста беспоговорно да ги исполнува задачите и да се саможртвува за македонската каузата, која се граничи со фанатизам, го прави Черноземски егзекутор на Иван Михајлов кој по смртта на Александров станува член на ЦК на ВМРО (1925) и е на чело на Организацијата.

Предлогот на Владо Черноземски кој го изнесува уште во 1927 година пред ЦК на ВМРО, најдобро говори за неговиот фанатизам. Тој изразил подготвеност да се опаше со рачни бомби и да експлодира во главната сала за состаноци на Друштвото на народите, само за да на овој застрашувачки начин го привлече вниманието на светската јавност за македонското прашање.

Предлогот на Черноземски не бил прифатен, но набргу по излегувањето од затвор тој исчезнува од Бугарија, а Организацијата раширила глас дека е убиен по нејзина заповед.

Всушност, во летото 1932 година, тој тајно отпатувал во Италија, каде врз основа на договорот од 1929 година меѓу ЦК на ВМРО и Анте Павелиќ за заедничка борба за создавање независна Македонија и Хрватска, бил назначен за инструктор на Усташите во специјалниот камп Боргеторо. Потоа заминува во базата Јанка-Пуста во Унгарија, каде Хрватите со цел да ја срушат Југославија, вршат подготовки за изведување на атентатот врз југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ.

Меѓутоа, во меѓувреме, на 19 мај 1934 година, бугарската Влада на Кимон Гергиев ја забранила ВМРО на Иван Михајлов, по што организацијата била распуштена и нејзината мрежа на територијата на Бугарија била уништена, а голем дел од членството било уапсено. Иван Михајлов со најблиските се засолнил во Турција.

Сметајќи дека со елиминацијата на ВМРО опасноста е отстранета, будноста на тогашните југословенски служби била намалена.

За тоа време групата атентатори, со лажни пасоши, преку Австрија и Швајацарија се префрла во Франција. Во Швајцарија им се придружил и инструкторот за диверзанстки акции на ВМРО, Владо шоферот. На 9 октомври 1934 година во Марсеј, откако согледал дека Хрватите психолошки не се подготвени да ја спроведат акцијата и дека таа ќе биде неуспешна, Владо превзема иницијатива. Тој лично ги убива југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ и францускиот министер за надворешни работи Луи Барту, а го ранува генералот Жорж.

Атентатот се случил во моментот кога кралската кола поминувала пред берзата во Марсеј. Тогаш крупен човек, прав атлета, облечен во кафеав костум истрчал од толпата, се качил на папучата од колата и пукал во правец на кралот Александар, министерот Барту и генералот Жорж. При нападот, Владо испукал осум метци од кои два завршиле во градите и стомакот на југословенскиот крал, кој набргу подлегнал на повредите. За тоа време потпоручникот Виоле од француската гарда пристигнал на коњ и со два удари со сабјата го соборил атентаторот.

Тешко ранет од полицијата и удиран од толпата, Владо бил пренесен во најблиското одделение за јавна безбедност, каде без да дојде при свест умира вечерта околу 8 часот. При претресот, покрај оружје, полицијата нашла чехословачки пасош издаден од чехословачкиот генарален конзулат во Загреб на име Петер Келеман, трговец. При аутопсијата, покрај раните од сабја на главата и две влезни рани од револверско зрно, една на главата и друга на десната страна од градите, на неговата десна рака била откриена тетоважа на череп и вкрстени коски, а под нив иницијалите на ВМРО. Телото на атентаторот било погребано на неодбележана локација на гробиштата во Марсеј на 12 октомври, во присуство на двајца детективи и гробарите.

Истрагата која веднаш ја започнала француската полиција не дала резултати. За него немала податоци ниту полицијата на Марсеј, ниту специјалната француска полиција. Набргу откриваат дека пасошт е лажен, па истрагата ја насочуваат кон хрватската организација, додека членовите на растурената организација на ВМРО и Иван Михајлов остануваат недвор од нивниот фокус.

Ова го потврдува и разговорот кој во моментот на извршување на атентатот се водел меѓу Иван Михајлов и бугарскиот митрополит Андреј Велички, во неговиот дом во Истамбул, Турција.

Додека околу 16 часот се пиело кафето, водачот на забранетата и растурена ВМРО, Иван Михајлов изјавил дека: „Во моментот ќе се случи нешто кое ќе биде фатално за човештвото! …Михајлов му објаснил на бугарскиот митрополит дека бил испланиран атентат врз југословенскиот крал и дека во тој момент веќе бил убиен… Михајлов потоа објаснил дека зад атентатот стоеле не само ВМРО, туку и Германија и некои други земји, кои не ги посочил“.

Владо Черноземски бил опеан во народната песна како „херој македонски“, а песната се пеела од двете страни на поделена Македонија.

Најново од: На прво место

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

На 7 октомври 1946 од Софија, свечено биле испратени посмртните останки на Гоце Делчев во Македонија

На 7 октомври 1946 година започнало исполнувањето на Гоцевиот завет: да почива во слободна Македонија Гоце Делчев тргна кон Македонија Пренесувањето на посмртните останки од Софија во Скопје стана историски чин на народна почит кон великанот на македонската револуционерна борба. На 7 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле предадени на македонската делегација […]

Најнови вести

To top