Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА
ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА
Дали местото каде што мина пола век
Може да е подраго од лулката каде што се роди?
Дали исто Сонце грее таму и тука,
Или тука и таму?
Не џабе се рекло
„Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“.
Многу години минаа во туѓа земја
Но, дали таа беше туѓа каде поминав пола век?
Или оваа каде што се родив
Но ʼркулци не пуштив?
Мајка роди четири сина, Арслани
Во туѓа земја пораснати,
Наместо Македонци
Прекарот им е Скипи – Кенгури.
Знаат дека нивните корени
Потекнуваат од Александар Македонски,
Го зборуваат дури и македонскиот јазик
Но, пупки пуштија во туѓина.
Срце два дела има,
Но дали се дели на два дела?
Која е нивната татковина?
Македонија или Австралија.
Што вина тие сторија,
Јабана да им биде своина.
