Коментари

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Македонска Нација

Македонска Нација

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап?

СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената постојано свири, а партискиот портпарол соопштува дека спасот, по некаква чудесна случајност, повторно се наоѓа во партиското седиште на СДС.

За водата во Гостивар Филипче изнесуваше сериозни обвинувања за загадување и институционално непостапување.

За буџетот. Филипче тврдеше дека недостигаат 900 милиони евра и ја доведе во прашање идната исплата на плати и пензии. Во неговата политичка драматургија, буџетот веќе лежи на интензивна нега, а СДС чека пред вратата со подготвено соопштение.

И темата за мигрантите доби свое место во овој политички репертоар. Јавноста и ден-денес очекува СДС да ѝ објасни каде се „сокриени“ мигрантите чиј наплив го најавуваше Филипче. Со партиска фантазија лесно се полни насловна страница. Потешко оди кога треба да се приложат докази.

Сега во центарот на СДС е Алта банка. Филипче јавно поставува прашања за пристапот до средствата, исплатата на пензиите и одговорноста на надлежните. Тие прашања бараат јасни одговори. Но токму сериозноста на темата ги обврзува и политичарите внимателно да ги мерат своите зборови. Зад секоја сметка стојат човек, семејство, заработка и животна заштеда.

Лесно е пред микрофон да се подигне тонот. Последиците ги носи човекот што дома пресметува како ќе ја плати следната сметка. Огромна политичка неодговорност е секоја неизвесност однапред да се претвора во проглас за изгубени заштеди.

Во случајот со Алта банка, премиерот Мицкоски јавно уверува дека секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот денар. Обидот на СДС секоја неизвесност однапред да ја претвори во проглас за изгубени заштеди е крајно политички неодговорен и им штети пред сè на штедачите, а потоа и на сопствениот рејтинг — ако воопшто сè уште може да се зборува за негово покачување.

А посебна сатирична претстава е кога партијата што беше на власт во времето на ТАТ и Еуростандард денес настапува како дежурен чувар на македонската штедна книшка.

Каква ненадејна чувствителност! Каква грижа за туѓиот денар! Уште да поверуваме дека историјата започнала со последната прес-конференција на Филипче.

Зад ТАТ и Еуростандард останаа оштетени штедачи, долги постапки и горчливи прашања за одговорноста. Самите оштетени од Еуростандард јавно ја споредуваа својата голгота со ТАТ и предупредуваа на институционален молк. Денешната партиска загриженост за Алфа Банка би звучела многу поубедливо кога би била придружена со отчет за наследство од ТАТ и Еуростандад банка.

Ама партиската меморија очигледно работи како расипан банкомат: кога ќе побараш одговорност од СДС за сопственото владеење, на екранот пишува — услугата моментално е недостапна!

Проблемот со Алта банка се прелеа од Србија преку доминантниот сопственик. Алта банка Битола е посебно правно лице што работи според домашната регулатива, а воведената администрација е образложена како мерка за заштита на банката, депонентите и доверителите. Сопственичката поврзаност постои, но двете банки имаат посебен правен статус и подлежат на надзор во своите држави.

Самопрогласените заштитници на македонскиот штедач прво нека ја отворат сопствената политичка книшка. Во неа има премногу неплатени сметки за денес да ни делат лекции за доверба.

Кој сака да им помогне на штедачите, нека бара рокови, конкретни мерки и отчетност. Нека го објасни секој проверен податок и нека предложи изводливо решение. С’скањето на загрижените граѓани може да произведе телевизиски прилог, но од телевизиски прилог никој не си ја подигнал заштедата.

На Филипче му останува да одговори и на едно политичко прашање: што нуди СДС кога ќе се исклучи сирената?

Каква програма? Какви решенија? Со какви луѓе? Со каква одговорност за сопственото владеење?

Или целата стратегија се сведе на надежта дека доволно исплашени граѓани ќе заборават да ги постават токму тие прашања?

Филипче, лагата не станува вистина со погласен микрофон, а сомнежот не станува доказ со уште една прес-конференција. Ако мислиш дека со секојдневно најавување катастрофа ќе го кренеш рејтингот на СДС, ризикуваш да постигнеш само едно: граѓаните да почнат да ја препознаваат сирената уште пред да се појавиш на екранот.

Рејтингот се заслужува.

Паниката само се произведува.

Најново од: Коментари

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

Бранислав Светозаревиќ-Покорни: За поимите „народ“ и „нација“

Бранислав Светозаревиќ Во интерес на читателот, сметаме дека е потребно да дадеме извесни објаснувања за термините за етничките заедници низ историските периоди на овие простори, со кои се среќававме во нашето истражување, како и за поимите „народ“ и „нација“ што ги подразбираме во оваа студија. Иако главниот акцент на оваа книга се однесува на идентитетското […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

To top