Коментари

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

Александар Џеповски

Александар Џеповски

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани. 

Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат на Бугарија.

Биле најавени осум вселенски летала, а собирот го привлекол вниманието и на меѓународните медиуми.

Зад најавата стоеле жени што тврделе дека комуницираат со вонземјани. На пистата биле пуштени Радка Трифонова, нејзините соработнички Здравка Крумова и Екатерина Никифорова, нивни блиски и новинари.

Трите жени биле облечени во еднакви светлозелени костими.

За пречекот, според написот, Трифонова барала на пистата да се постават посебна трибина и црвена патека. Присутните требало да носат цвеќе. Во спротивно, тврдела таа, вонземјаните немало да слетаат за да и помогнат на Бугарија бидејќи ќе сметале дека се пречекани како непријатели.

Но најавениот час поминал, а леталата не се појавиле.

Трифонова тогаш изјавила дека вонземјаните не сакаат да слетаат поради авионите што постојано полетувале и слетувале во близина.

Весникот наведува дека началникот на воениот аеродром сериозно ја сватил најавата за вонземјаните и наредил прекин на тренажните летови до 12:45 часот.

Присутните, според весникарскиот исечок, чекале четири часа, пиеле пиво и на крајот си заминале разочарани.

Наместо средба со посетители од вселената, добиле долго чекање разочарани и неисполнето ветување.

Според извештајот на Associated Press, објавен следниот ден, по објаснувањето дека воените авиони ги плашат вонземјаните следувало и друга причина зошто вонзејманите не слетале на аеродромот.

Посетата пропаднала бидејќи претседателот Жељу Желев одбил да ги прими.

Без барање за заедничка историја и заедничко чествување

Во расправиите за тоа што сè треба заеднички да чествуваат Македонија и Бугарија, еве еден настан за кој нема потреба од македонската историска комисија, протокол или усогласување на учебниците.

За Штрклево можеме веднаш да постигнеме согласност: овој настан нека остане само во бугарската историска архива.

Ние, Македонците, нема да бараме македонски удел во организацијата на дочекот, ниту место во делегацијата за пречек.

Нема да тврдиме дека некој од најавените вселенски патници имал македонско потекло. Нема да предлагаме ниту заеднички венец на пистата во спомен на леталата што не пристигнале.

Но кога веќе толку упорно се бара „заедничка историја“, редно е да се утврди и што секој си има свое.

На Бугарија ѝ останува Штрклево, а нам — правото со насмевка да кажеме: за овој настан нема да бараме ниту заедничка историја ниту заедничко чествување!

Најново од: Коментари

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

Бранислав Светозаревиќ-Покорни: За поимите „народ“ и „нација“

Бранислав Светозаревиќ Во интерес на читателот, сметаме дека е потребно да дадеме извесни објаснувања за термините за етничките заедници низ историските периоди на овие простори, со кои се среќававме во нашето истражување, како и за поимите „народ“ и „нација“ што ги подразбираме во оваа студија. Иако главниот акцент на оваа книга се однесува на идентитетското […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

To top