Култура и туризам

Велес во знакот на деветтата уметност: Најавена 8. Меѓународна стрип колонија со моќна балканска женска уметничка соработка

Велес во знакот на деветтата уметност: Најавена 8.
Меѓународна стрип колонија со моќна балканска женска
уметничка соработка

ВЕЛЕС, 11 август 2026 година – Стрип центарот на Македонија – Велес
официјално ја најавува претстојната, 8. Меѓународна стрип колонија „Велес
2026“, која ќе се одржи во периодот од 20 до 23 август 2026 година. Годинава,
оваа престижна манифестација носи еден сосема уникатен концепт на
поврзување — учесничките ќе бидат исклучиво авторки од женскиот пол, кои
доаѓаат од пет држави со што се создава моќна балканска женска уметничка
соработка.
По соборувањето на досегашните рекорди на меѓународниот конкурс „Златен
стрип“ – каде што пристигнаа дури 497 пријави од автори од целиот свет –
Стрип центарот ги претставува уметниците кои ќе творат во рамките на
годинешната колонија:
 Силвиа Борбељ – Романија
 Андрада Ваеш – Романија
 Ирис Голгочиу – Романија
 Ана Цочева – Бугарија
 Велислава Стојанова Георгиева – Бугарија
 Драгана Купрешанин – Србија
 Маја Перак – Хрватска
 Меланија Стојанова – Македонија
 Сибел Исмаилова – Македонија
 Елена Апостоловска – Македонија
 Ања Стојадиновска – Македонија
 Славица Купенкова – Македонија
 Ана Ивева – Македонија
 Стефанија Атанасова – Македонија
Оваа традиционална манифестација, која се реализира со финансиска
поддршка од Министерството за култура и Општина Велес, уште еднаш го
потврдува градот како регионална престолнина на стрипот.
„Како организација, слободно можеме да кажеме дека имаме полн 'тефтер на
контакти', односно соработката на меѓународно ниво со организации и автори,
како и на национално ниво со училишта, студија, асоцијации и автори,
континуирано се шири!
Ваквиот тип на интернационална размена на искуства, каде автори од
различни меридијани работат заедно рамо до рамо под менторство на
проф,Владимир Весовиќ од Белград/Србија ,има непроценливо влијание врз
нивниот личен уметнички развој и директно ја отвора македонската сцена кон
светот“, потенцираат од Стрип центарот на Македонија – Велес.
Во пресрет на настанот, Томе Трајков од организацискиот тим ја нагласува
долгорочната стратегија за развој на културниот туризам преку деветтата
уметност во Велес.

„Наша заложба и голема амбиција е уште поголема валоризација на она што
Велес веќе го поседува како трајно културно богатство. Посетителите на
нашиот град, освен директните стрип контакти со авторите за време на
Салонот, во текот на целата година можат да ги видат специфичните стрип
мурали нацртани на велешките улици, како и да се запознаат со нашата богата
стрип библиотека која брои околу 10.000 наслови, од кои некои се
исклучително ретки во глобални рамки. Да не заборавиме дека овој настан ќе
се организира во староградскиот амбиент на Спомен куќата на Касапови, Ова
е само мал придонес во валоризација на културата во креативната индустрија“,
завршува Трајков.
Организацискиот тим ги поканува сите љубители на уметноста, граѓани и
медиуми да ги следат активностите на колонијата и да го поддржат
творештвото на овие извонредни автори кои го позиционираат Велес на
светската стрип мапа

Најново од: Култура и туризам

Проф. д-р Марко КИТЕВСКИ: Макавеи – празник, календар и гатање за времето

Во богатата македонска народна традиција празниците не биле само денови посветени на светителите и на одделни настани од христијанската историја. Тие претставувале и важни временски меѓници според кои народот ги организирал секојдневниот живот, земјоделските работи и подготовките за претстојните годишни времиња. Такво значајно место во народниот календар имаат и Макавеите. Со овој празник се поврзани […]

Куново – гостиварското село што ја чува меморијата на Горен Полог

На околу единаесет километри од Гостивар, во ридско-планинскиот простор на Горен Полог, се наоѓа селото Куново. Подигнато на надморска височина од околу 960 метри, на десната страна од реката Лакавица, селото е сместено во југозападниот дел на Сува Гора. Некогаш било обиколено со густа шума и природно заштитено од околните возвишенија, подалеку од главните патишта […]

БЛАГОВЕСТА НА ПРИСНОДЕВА МАРИЈА И ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

ЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН На денешен ден сите христијани го слават празникот на Благовештението. Ангелот божји и донел вест на дева Марија за брзото појавување на одамна очекуваниот Спасител. Да си спомни што благовествувал светиот Лука, кој подетално од другите евангелисти ги опишува […]

Брсјаци и Мијаци – двете најсочувани племиња на нашата територија, вечни ривали, но сепак најдобрите луѓе на овие простори

Две стари гранки на македонското стебло Мијаците и Брсјаците се меѓу најпознатите и најсамобитните етнографски заедници во Македонија. Низ вековите тие успеале да зачуваат значаен дел од своите говори, носии, обичаи, семејни преданија и посебниот начин на живеење. Називот „племиња“, кој често се употребува во постарите записи и во народното паметење, денес треба да се […]

Чалгијата – автентичниот музички израз на македонските градови

Создадена во допирот меѓу народниот мелос, византиското црковно пеење и различните музички традиции присутни во Македонија, чалгијата израснала во оригинален и препознатлив дел од македонското културно наследство. Зборот „чалгија“ буквално значи музика или свирка. Во македонската музичка традиција, меѓутоа, овој поим означува многу повеќе: посебен состав од музичари, со карактеристичен инструментариум, кој ги исполнувал староградските […]

Манастирот „Свети Димитрија“ во Велес

На околу два километра јужно од градот, во близина на излезот од Велес, се наоѓа познатиот велешки манастир посветен на Свети Димитрија. За неговото повеќевековно постоење сведочат податоците забележани од патописци, историчари и археолози. Се смета дека црквата била обновена и проширена во XIV век, врз темелите на постар и веројатно помал храм. Во тој […]

Се одржаа „Брајчинските средби“ посветени на Св. Петка

На 7 и 8 август, а по повод празникот Света Петка, во селото Брајчино, во Долна Преспа се одржаа триесет и вторите „Брајчински средби“. По тој повод, на 7 август, во манастирот „Св. Петка“, гостите добиваа манастирско гравче, а на 08 август ја  прославија  селската слава Св Петка, на која гостите ги забавуваше групата „Фонтара“ […]

Охридските црковни реликвии однесени за време на бугарската окупација

Во текот на Првата светска војна од Охрид биле изнесени значајни црковни старини, ракописи и богослужбени предмети. Меѓу нив се споменуваат митрата на охридските архиепископи и архијерејскиот жезол. По Букурешкиот мировен договор од 1913 година, Македонија била поделена меѓу соседните држави, а Вардарскиот дел потпаднал под власта на Кралството Србија. Само две години подоцна, во […]

To top